fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

АПЕЛ до тутунарите-Не на Фејсбук групи, вишокот на тутун пријавете го во ПЕ на МЗШВ и кај поверениците на Сојузот

Рокот за пријавување истекува на 5 февруари, не дозволувајте тутунот да ви остане не откупен

Уште два дена тутунарите имаат можност да го пријават вишокот на тутун во ПЕ на МЗШВ и кај поверениците на Сојузот на тутунарски здруженија на откупните ваги. Вишокот на тутун мора да се пријави легално, во надлежните институции и здруженија, а не на Фејсбук групите на тутунарите.

– Апелираме до тутунарите да го искористат крајниот рок до 5 ти февруари во подрачните министерства за да го пријават вишокот производство. Тутунарите кои немаат договори за ланската реколта, да се снајдат со договори од свои роднини или пријатели и така да влезат во списоците за пријавено вишок  производство. Само преку пријавени договори тутунарите можат да ги остварат правата за откуп и за добивање на субвенции. Апелирам тутунарите да  не потпаѓаат под манипулации кои се шират во одредни кругови и на социјалните мрежи, дека пријавувањето вишок тутун може да се стори без договори, тоа е противзаконски и не може да се реализира, зашто во тој случај ќе изгубат самите тие, повикува  Игор Мирчески од И.О на Тутунари од Македонија.  

Во подрачната единица на МЗШВ во Прилеп досега, тутунарите пријавиле вишок од  3 и пол милиони килограми тутун.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close