Нешто ЧУДНО се случува на пазарот за кафе – Машините се главна причина

(Oвој напис е објавен на: August 26, 2019)

Како што пишува Ројтерс, се поопсежното воведување на механизација и нови технологии во одгледување на кафе резултираше со пораст на продуктивноста кај двата најголеми светски производители, кои конкурентите од Јужна Америка и Африка тешко можат да ги следат.

 

Најниска цена на кафето во последните 13 години ќе резултира со маргинализација на повеќе производители, а ќе се зацврсти положбата на државите кои значително го модернизирале производството, како Бразил и Виетнам, проценуваат аналитичарите на тој пазар.

Како што пишува Ројтерс, се поопсежното воведување на механизација и нови технологии во одгледување на кафе резултираше со пораст на продуктивноста кај двата најголеми светски производители, кои конкурентите од Јужна Америка и Африка тешко можат да ги следат.

„Бразил и Виетнам имаат константно зголемување на продуктивноста, а другите држави немаат“, вели Џефри Шач, директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија.

Според податоците на американското министерство за земјоделство, тие две држави го произведуваат повеќе од половина од светското кафе, а уделот се уште им расте.

Водечкиот Бразил сам снабдува 37 отсто од кафето на светскиот пазар. Рекорден род остварен е и покрај смалување на засадите со кафе веќе шеста година по ред. Виетнамското производство исто така расте.

Податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) покажуваат дека просечниот принос на бразилските фарми во последните 10 години остро пораснале, со повеќе од 40 отсто, на 1,5 тон по хектар.

Виетнам просечниот принос го зголемил за 18 отсто, на 2,5 тони по хектар. Колумбија исто така го зголемила приносот за солидни 12 отсто, но тој се движи околу тон по хектар.

Терминските договори на Арабика кафето – најмногу искористеното глобално мерило за цена на кафе – во мај паднале на 87,6 американски центи за приближно пола килограм, што е најниска цена од мај 2005 година.

Во меѓувреме цената малку се опоравила, но уште е прениска за повеќето светски производители. Бразилските производители значително го намалиле уделот на човечка работа во засадите со воведувањето на механизација.

„Машините за собирање на кафе можат да ги намалат трошоците на бербата за 40 до 60 отсто“, истакнуваат фармерите.

Извор: Слободен печат

 

Share Button