fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Арсов: Чекаме до понеделник и одиме во генерален штрајк

Ако оризовата арпа не достигне цена од 25 денари оризарите стапуваат во генерален штрајк.

Ново прологирање на решавање на проблемот со откупот на оризот добија земјоделците, овој пат до понеделник. Ако немаат договор за оризовата арпа од 25 денари за килограм излегуваат на генерален штрајк и масовно блокирање на регионалниот пат Штип – Кочани.

-Протестот овие седум –осум дена е ставен во мирување. Ќе почекаме до понеделник. Доколку оризовата арпа не достигне цена од 25денари стапуваме во генерален штрајк. И порачуваме да не си игра некој со нервите на оризопроизводителите!Такво понижување и манипулирање во последните неколку години земјоделецот нема доживеано, изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.

Според нив ниту субвенцијата од 3 денари што во саботата ја најави премиерот Заев нема да ја амортизира катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа култура. Од друга страна им се врши притисок на откупувачите тие да ги зголемат откупните цени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close