вести

Асоцијација на земјоделци: Во Македонија се увезува непроверено брашно

(Oвој напис е објавен на: март 19, 2018)

br

Не треба Македонија да попушти на притисокот на Србија и да го менува правилникот за брашното, сметаат дел од земјоделците. Според Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци, проблемот го прават неколку фирми кои сакаат да го заобиколат законот и околу 10.000 тони брашно, од вкупно 40 без анализи за квалитет, директно ги пуштаат во промет.

„Проблем со брашното нема. Некои фирми го злоупотребуваат правилникот. Увезуваат брашно од Србија и директно го пуштаат во малопродажба и по пекарите, без да ги почекаат резултатите од анализите за квалитет. Тоа се компании кои на некој начин беа привилегирани, тие се бунат и прават неред на пазарот во Македонија. Сите сериозни фирми кои увезуваат околу 30 000 тони немаат никакви проблеми.“ – изјави Евтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.

Проблем со брашното нема. Некои фирми го злоупотребуваат правилникот. Увезуваат брашно од Србија и директно го пуштаат во малопродажба и по пекарите, без да ги почекаат резултатите од анализите за квалитет. Тоа се компании кои на некој начин беа привилегирани, тие се бунат и прават неред на пазарот во Македонија. Сите сериозни фирми, истакна Шаклев, кои увезуваат околу 30.000 тони, немаат никакви проблеми. Нивното брашно е складирано во магацините по пропис, и како што предвидува законот, се додека не ги добијат анализите за квалитет.

Шаклев повика имаињата на привелигираните фирми да ги каже царинската управа или другите институции кои го контролираат квалитетот на брашното.

Проблемот со брашното повторно се актуелизира откако српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, преку српските медиуми се закани, дека ќе воведе бариери за македонските производи ако до 14 април не се најде трајно решение за спорните контролни маркички. Љајиќ смета дека проблемот со брашното го прават тројца македонски мелничари.

Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, Македонија само почнала да го спроведува правилникот кој со години не се почитувал, а во кој по ново е сменет само редоследот на активности за да не се избегнува контролата.

„Поединци од Македонија, сметам дека со дописите коишто ги праќаат во Србија, вештачки го создаваат овој проблем. Некои на кои не им одговара дасе работи така како што е пропишано по самите правилници. Некои кои можеби го изигрувале самиот правилник којшто бил на сила.“ – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделството.

Николовски вели дека засега останува одлуката за брашното од еден, три и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за останатите поголеми пратки во Македонија. Не е исклучена можноста во следните 30 дена, заедничкиот комитед да се договори, Македонија и трајно да ги укине контролните маркичките за увозното брашно.


 

24 вести

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close