fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Добрите познавачи дневно можат да заработат и по 120 евра од собирање на печурки

Во Македонија со собирање на печурки најчесто се занимаваат повозрасни луѓе. Во помалите општини има по стотина собирачи на печурки, но се очекува дека во иднина бројката ќе опаѓа, затоа што младите не се заинтересирани за оваа работа.

Искусен собирач на печурки може дневно да заработи и до 120 евра. Ова го потврдуваат од компаниите кои се занимаваат со откуп на печурки.

Но, сепак велат дека ова им успева на малкумина, само на оние кои добро ја знаат работата. Во Македонија со собирање на печурки најчесто се занимаваат повозрасни луѓе. Во помалите општини има по стотина собирачи на печурки, но се очекува дека во иднина бројката ќе опаѓа, затоа што младите не се заинтересирани за оваа работа.

„Еден собирач дневно може да извади и повеќе од 120 евра, но таквите луѓе се ретки. Претежно се тоа искусни собирачи кои ја знаат работата, го знаат теренот, инаку оваа година има солиден квалитет на печурки. Релативно е, некој може ќе собере 1 килограм денеска, а некој 100 килограми, но многу важно е годината да биде добра, и да има доволно печурки во природата“, велат од фирма во внатрешноста на Македонија.

Горан Илијов веќе 25 години активно собира печурки во штипскиот дел од планината Плачковица и објаснува дека може солидно да се заработи, пишува фактор.

„Од дете собирам печурки со татко ми, а имавме и еден професор по биологија кој нè едуцираше, но ако зборувам за активно собирање, тоа се 25 години. Читам литература, сакам да се информира. Еден човек дневно може да заработи дневница од 120 евра, но треба да знае и какви печурки да собира, познавање треба да има. Ако има дожд, има и печурки. Собирам во март, мај, потоа  во есен повторно“, додава Илијов.

Од фирмите каде се врши откуп на печурки велат дека колку некој ќе заработи зависи од искуството.

„Сè е пракса во животот, па така и собирањето на печурки. Мора тој човек да биде подготвен, да ги препознава печурките, но и сите други опасности кои може да се случат на терен. Сметам дека тоа е некој максимум за искусен берач, да заработи 120 евра во текот на еден ден, но тоа се постигнува само ако истото го работи неколку години. Има луѓе кои едвај чекаат да дојде периодот за берба и да одат во планините да собираат печурки“, додаваат од друга фирма.

Во Македонија граѓаните најчесто собираат смрчак, вргањ и лисичарка, но иако се верува дека Западна Македонија има подобри услови за богата реколта на печурки, сепак дождот е пресуден фактор.  Годинава во делчевско собирачи најдоа џиновски печурки, тешки 1.7 килограми.  Претходно, 2020 година беше оценета како една од најдобрите години затоа што имаше богат род на печурки.https://faktor.mk/dobrite-poznavachi-dnevno-mozat-da-zarabotat-i-po-120-evra-od-sobiranje-na-pechurki

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close