fbpx
ВестиВкусот на традицијата

Астрологијата открива што треба да јадете овој месец за да бидете поздрави и поенергични

Jadenje po astroloski znaci

Дали сте знаеле дека можете да откриете која храна ќе ви даде најмногу енергија, врз основа на ѕвездите? Како што минува астролошкиот циклус, така се истакнува различна енергија за секој хороскопски знак, а некои месеци бараат поголема дисциплина. Па, погледнете каква храна треба да јадете овој месец, според вашиот хороскопски знак.

Овен

Како Овен, вие дефинитивно сте самостојни, а ова се одразува и кога е во прашање храната. Вие јадете што сакате и кога сакате. Ова, сепак, е месец кога малку треба да ги проширите работите. Прифатете предлози од вашите пријатели или пронајдете некои на Интернет, па проширете го вашиот избор. Исто така можете да испробате нови ресторани и нови рецепти. Покрај тоа што го јадете, проширете го кругот и на личностите со кои јадете. Гответе со пријателите и малку излезете од вашата зона на удобност.

Бик

Планирајте си ја исхраната и осигурете се дека секој оброк што ќе го јадете ќе биде добро балансиран, а трудете се овој месец да не им се препуштите на мрзливо приготвените вечери. Исто така држете се подалеку од семејните вечери ако сакате да бидете сигурни дека работите ќе излезат во најдобар ред. Сокријте мала кесичка со бадеми во вашата чанта, па никогаш нема да треба да потпаднете под искушението да купите некоја нездрава ужина.

Близнаци

Како Близнаци, вие понекогаш имате детска страна која ја прикажувате и во вашите навики за јадење. Бидејќи вие сте едни од најсофистицираните соговорници, понекогаш вашите говори може да бидат придружени со макарони со сирење или некои слатки бонбони. Од друга страна, Близнаците честопати знаат да бидат личности кои здраво се хранат, со свои строги правила. Во секој случај, ова е одличен месец за да ги проширите своите правила.

Рак

Ова е одличен месец за да додадете ритуал на вашето искуство со јадењето, наместо едноставно да ставате сѐ во вашата чинија. Како Рак, вие сте предодредени да гледате во значењето на сѐ, па затоа, поврзете се со храната, јадете нешто што ве потсетува на детството, запалете свеќа и одвојте си момент да размислите каков е вкусот на храната и какви спомени ви буди таа. Исто така овој месец е одличен за да барате и побогата храна.

Лав

Како Лав, вие имате став дека сѐ треба да направите самите, но, овој месец обидете се да соработувате. Дозволете му на некој друг да ви го подготви вашиот оброк (без да се мешате во тоа). Ако вие сте секогаш оние кои даваат, обидете се барем еднаш да бидете примач. Исто така овој месец размислете и за балансирање на два спротивни вкуса, на пример слатко и солено, кисело и зачинето, а можете да се обидете и да измешате две култури, на пример италијанска и индиска храна. Како ви звучи?

Девица

Вие сте знак кој настојува свесно и здраво да ја избира храната, а исто така сакате и сѐ да броите и да мерите. Ова е одличен месец за целосно да се занесете во оваа страна од вашата личност. Испробајте некои нови рецепти и уживајте во процесот на следење на инструкциите и зададените мерки. Ова исто така е одличен месец за да откриете од каде доаѓа вашата храна, па на пример, зборувајте со продавачите на пазарот од каде што купувате.

Вага

Како Вага, вие тежнеете кон романса, но уживате во нејзина модерна верзија. Овој месец, сонцето е во вашата петта куќа, што означува драма и страст. Ова е одличен месец за да се ослободите малку. Не обидувајте се да се држите до вашиот избор на храна, туку впуштете се во некои побогати десерти. Доколку сте во врска, ставете го како приоритет Денот на вљубените, а доколку не сте, гответе вкусни оброци за вашите пријатели. Совет: Бидејќи лесно можете да ја нарушите рамнотежата, осигурете се дека имате некој зеленчук при рака секогаш кога ќе имате и чоколадо.

Скорпија

Скорпиите имаат тенденција да имаат повеќе приватност, но овој месец е одлично време да го отворите својот простор кон другите луѓе и да се фокусирате на продлабочување на вашите врски. Поканете луѓе на вечера или пак излезете на ручек со вашите колеги. Исто така можете да ги зајакнете вашите врски на тој начин што ќе готвите некој стар семеен рецепт.

Стрелец

Овој месец е одлично време да се соберете со вашите поблиски пријатели. Можете заедно да откриете нови места за јадење во вашето соседство или во вашиот град. Купувањето локална храна ќе направи вашето тело да се чувствува добро, а можеби ќе добиете и некоја идеја од вашите омилени ресторани.

Јарец

Ова е месец кога треба да си дозволите побогата храна и да потрошите малку повеќе пари, препуштајќи се на луксуз. Размислете за прекрасни свежи сокови, испробување нови ресторани и разгалете се со некоја храна која одамна сте ја посакувале. Ова е добар месец да се посветите на скапи состојки со висок квалитет.

Водолија

Вашето сонце е во првата куќа, што ја означува авантурата. Овој месец ќе сакате да навлезете во нови трендови со храната, а можеби и ќе експериментирате со нешто. Иако личностите родени во овој знак имаат тенденција да посегнуваат кон полесна храна, овој месец е добар за испробување работи кои се поважни и тешки. Вие сакате да се чувствувате приземјени и сигурни.

Риби

Рибите се владетели на дванаесеттата куќа. Овој месец ќе ја ослободите вашата имагинација. Ова не е време кога треба да практикувате строг план на јадење, бидејќи се чувствувате покреативни и слободни и не сакате да се опседнувате со детали. Изберете храна со убави бои, текстури или храна што можете да ја јадете со раце.


 

кафе пауза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close