вестиТоп вести

Со поддршка од УСАИД три организации склучија партенрство за воведување на интегрирана ветеринарна  програма

 

 

На фармата  ДОО Маранчо во с. Радобор, Општина Могила, беше склучено партнерство  за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма за ветеринарните клиники низ Македонија. Со потпишување на меморандум за соработка  Здружението за рурален ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет при универзитетот  Св. Кирил и Методиј – Скопје отпочнаа иницијатива преку која на македонските сточари ќе им се обезбедат нови локални услуги  кои ќе ја зголемат  нивната продуктивност и конкурентност. Една од овие услуги е професионален софтвер кој ќе служи за потребите  и на сточарите, и ветеринарите  до млекарите и општи клиники.

Проектот е поддржан од УСАИД од прграмата за развој на деловни еко системи.

 

„Ова ново партнерство  за унапредување на ветеринарните услуги , продуктивноста на сточарството и квалитетот на храната е совршен пример за локална развојна иницијатива. Таа произлезе од заедничките предизвици кои многумина сточари ги ги идентификуваа и е дизајнирана да помогне во нивното решавање“, изјави  Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата за развој на УСАИД.

 

„Денес  имаме ретко задоволство да потпишеме договор со ЛАГ Агролидер за подобрување  продуктивноста  пазарниот успех на локаллните фармери. Како претставник на Ветеринараната струка  можам да истакнам дека ветеринарната струка е  тесно поврзана со сточарскиот  сектор  и се заемно поврзани, така што имаме задоволство да бидеме на една успешна фарма.  Секогаш зад секој успешен производ во фармерското   произвдоство стои ветеринарна служба која е еден од најважните алки во  вредносниот систем на сточарскатото производство,  здравствениот  статус на  храната . Без употреба на нови технологии  во сточарското производство ние не можеме да држиме чекор со развиените  економии. Би рекол  дека ваквите проекти се во интерес не само на фармерската струка туку имаат и едно пошироко општествено значење“, изјави претседателот на Ветеринарната комора на Р Македонија Томислав Николовски.

 

Во целиот проект се вклучува и ветеринарниот факултет од Скопје со цел да направи трансфер на занења од теоријата во практиката. Она што го учат студентите да може да го применат во практиката преку  примена на најсовремени протоколи.

 

На денешниот настан беше присутна и градоначалничката на општина Могила ,Јасмина Гулевска,  која се заблагодари за поддршаката што ја дава УСАИД. „Како што знаете и самите  примарна дејност во општината  е земјоделието но не заостанува и сточарството.  Од вкупно 180 фирми  кои се во приватен  сектор, дел  се занимаваат  со сточарска  дејност. Веруваме дека ќе се воведат нови пракси  и ќе се зголеми конкуренцијата на пазарот“ изјави Гулевска.

 

Од 2013 година УСАИД го поддржува формирањето  на Локални акциски групи, кои се форма  на јавни – приватни партнерства  за искористување на локалните идеи и капацитети за рурален развој.

 

„ЛАГ Агро Лидер  е  е еден од партнерите на  проектот „ Подобрување на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери“ . Ќе работиме на  полето  на зголемување на продуктивноста , бидејќи знаеме дека Пелагонискиот регион е најзначен за развој на сточарството, а со цел  да венесеме добри практики, да го зголемеме знаењето и да направиме  позитивен импакт во она што треба да биде сточарството денес, а со тоа да се зголеми продуктивноста , а и  приходите кај фармеритешто директно влијае не само на  локалната економија туку  и на национално ниво  Она што е особено битно е дека ќе бидеме насочени во областа на безбедноста на производство на храна  со примена на интегрирана ветеринарна програма , безбедност на храна  со воведување на добри практики и воведување на нобв модел  на соработка меѓу  фармерите , со цел да го подобрат своето работење и да бидат поконкурентни“ изјави Марина Тошеска  од ЛАГ Агро Лидер.

 

Пеце Шамбевски сопственикот на фармата каде што беше потпишан меморнадумот за соработка  изрази надеж дека новитетите што ги воведува УСАИД ќе одат  во добра насока.

„Имав искуство порано со УСАИД со систем капка по капка и се надевам дека и сега ќе има поволности, изјави Шамбевски. Во моментов имам 160 грла во слободен систем по сите европски закони, и има голем бенефит од тоа . Дневно собирам 2,5 т млеко, а на годишно ниво по крава добивам 8,5 т. Јас сум тој што имав проблем со Свед Милк и преживеав. Сточарството не може да опстане по старо, мора да се осврнуваме на нови технологии за да станеме конкурентни на пазарот“ додаде Шамбевски.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close