Атомизери без губиток на препарати присутни и кај нас
На овошните насади на „Флора Фреш“ во с. Цапари битолско беа презентирани последните достигнувања на италијанската фирма Agricolmeccanica . Станува збор за широка палета на најразлични атомизери и прскалки познати под брендот “FRIULI SPRAYERS“. За квалитетот на она што го работи говори постигнатиот успех на фирмата кој претворен во годишен обрт на средства изнесува 18 милиони евра. Фирмата има постигнато високо ниво на квалитет за кој се одговорни 50 вработени лица.
Тимот што беше присутен во „Флора Фреш“ ги претстави перформансите на атомизер со панели кои ја ресорбираа течноста што при прскањето се шири во воздухот.
Кога овошките се прскаат со некој препарат 30 % од препаратот оди директно на овошката, а 70 % оди во воздух. Панелите ги апсорбираат тие 70% од воздухот и ги враќаат повторно во цистерната, нема загуби на препарат, објаснуваат претставниците на Agricolmeccanica.
–Современите атомизери кои имаат панели за ресорпција, оние 30% што ги добива стеблото се во ред, проблем се оние 70% кои ние се обидуваме да ги вратиме во резервоарот и да заштедиме на се’ и на пари, на време и на се’.
Наша цел е да се дојде на лице место, да се исконтактира сопственикот на лозјето или овоштарникот и да им се понуди најдобро идејно решение за него, значи најдобриот атомизер, како што сме денес тука во Цапари кое е идеално место за овошје, изјави за Зелена берза Даниеле Тосорати, еден од сопствениците на фирмата. Цел е секаде да бидеме присутни затоа ја одбравме фирмата Синпекс. Оттаму минатата година беа кај нас во фабриката, добија наши инструкции им ја покажавме целата програма на нашето производство и сметам дека е единствена фирма која може да не застапува на овие простори.
Овде во Македонија има многу трпезно грозје, забележавме дека има многу убави лозови и овошни насади за кои можи да се размислува за употреба на модерни машини, за третирање на повеќе редови наеднаш или пак машини со ресорпција, додава Тосорати.
Даниеле Тосорати всушност е третата генерација продолжувачи на она што во далечната 1962 година го почнал Џузепе Тосоратти.
Брендот “FRIULI SPRAYERS“ денес е присутен скоро во цел свет: Италија, Австрија, Германија, Франција , Белгија, Романија, Македонија, Португалија ,Канада, Вирџинија, Австралија и Мексико.
Најмногу се присутни во Италија, Франција и Белгија.
П.Јовановска