вестиМакедонијаТоп вести

„Интернешанал фреш фуд” нова фабрика за производство на пилешко месо

Во село Гиновци, општина Ранковце денеска е отворен нов производствен капацитет за пилешко месо на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд”.

Станува збор за инвестиција на конзорциум  на домашни и странски инвеститори што ќе овозможи производство на свежо пилешко месо што ќе овозможи не само намалување на увозот  туку и зголемување на извозот на пилешко месо на странските пазари. Како што беше истакнато на свеченото отворање,  со оваа инвестиција од над 50 милиони евра во наредните пет години ќе овозможи отворање на нови 3000 работни места.

-Планот на инвеститорите е да создадат затворен круг на производство почнувајќи од матични јата, инкубатори, станици, еднодневни пилиња, сопствени фарми, кланици, се до финален производ. Со изградбата на фарми и кланици низ целата држава за прв пат ќе имаме производство со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храната, изјави премиерот Заев и додаде дека со оваа инвестиција ќе се отворат 3.000 нови работни места и ќе се зголеми соработката со кооперантите и домашните производители на храна.

Освен во Гиновце, „Интернешанал фреш фуд„ ќе има свои фарми во Врапчиште – Тетовско, Кочани, Штип, Охрид Струга, Бетиница, Карбинци и Свети Николе.

Како што истакна премиерот Зоран Заев се работи за нова модерна инвестиција со највисоки стандарди во производството на свежо пилешко месо.

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close