fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Атомизери и прскалки на Buffer Tarim од Турција- водечки бренд на македонскиот пазар

Водечки производи по кои компанијата Buffer го генерира годишниот профит се нивските прскалки, лозаро-овоштарските атомизери.

Компанијата Buffer Tarim Aletleri се наоѓа во индустрискиот дел на градот Коња- Република Турција. Градот се ноаѓа во јужно-централна Турција и брои околу 2,2 милиони жители. Сместен во срцето на најголемата висорамнина Анадолија, во тој дел на Евро-Азија градот преставува еден од најголемите и најразвиени индустриски центри. Впрочем, тоа го потврдува фактот што во Коња се одржува најобемниот и најпознат агро саем во цела Турција, традиционално во месец март. На него, покрај најголемите домашни производители, учество земаат и еминентни светски брендови во производството на трактори и приклучна земјоделска механизација.

Најголемиот број од жителите на овој град, директно или индиректно егзистираат благодарение на индустријата. Токму таму, во бескрајната низа од фабрики и производствени капацитет е сместена една од водечките фирми во Република Турција што се занимава со производство на земјоделски машини за заштита и прихрана на земјоделските површини.

Производството е поделено во неколку дивизии, а со самото тоа и повеќе производни хали. Технологијата која се користи во самото производство, но и севкупниот процес на логистика наликува на производствените капацитети во Западна Европа. Владее исклучителна работна етика, а квалитетот на готовиот производ секогаш е на прво место.

Нивски прскалки, лозаро-овоштарски атомизери

Водечки производи по кои компанијата Buffer го генерира годишниот профит се нивските прскалки, лозаро-овоштарските атомизери.

Нивските прскалки се користат за аплицирање на препарати за заштита или супстанции за прихрана преку листот на житните и градинарските култури. Овие прскалките се поделени во две категории: носени и влечени. Носените прскалки се оние кои се прикачени на задните полуги на тракторот, а големината на бурето може да изнесува 330л, 400л, 600л, 800л, 1.000л, 1.500л, 2.000л. Најпознат модел од овие прскалки е Panter Ontar Basic. Влечените прскалки се оние кои се на тркала и ги влечи трактор. Започнуваат од 1.000 л капацитет на буре, па нагоре.

Aтомизерите на оваа компанија првично се поделени во две основни категории: лозарски и овоштарски. Како и кај прскалките, атомизерите можат да бидат носени и влечени. Поголема примена наоѓаат влечените атомизери. Атомизерот како приклучна машина, за разлика од прскалката која има хоризонтална рамка со бренери на задната страна има вентилатор со дијаметар од 750 до 900мм и со помош на турбината и перките во вид на кружни движења ја исфрла течноста кон лозовиот насад или дрвјата во овоштарникот. Во насади со јаболка, праски, кајсии, круши, сливи може да се користи стандарден атомизер, но доколку дрвјата се режат и растат во шпалир и до висина од 4 и повеќе метри подобра опција е атомизер со пирамида кој може да ја исфрли течноста вертикално на горе и до 6м. Во лозарството поради пониската вегетација се користи стандарден влечен или носен атомизер.
Најпродаван модел од дистрибуираните модели е Ronda 400, а во делот на влечени атомизери најмногу се истакнува популарниот Ontar Panter 1000l. Во зависност од потребите на земјоделецот постојат атомизери од 1.500 и 2.000л.

Носена прскалка Eko Anatolia 1000 l

Овој модел на прскалка на Buffer, благодарение на компанијата „Синпекс“ ДОО од Битола, веќе 4 години е присутна на македонскиот пазар. Го освојува пазарот со својот стандарден квалитет, исклучителни перформанси, едноставност во работењето и најдобар сооднос помеѓу вложените средства и добиениот краен ефект. Капацитетот на бурето изнесува 1.000 л. Рамката на која се поставени бренери преку кои се нанесува течност од прскалката во вид на прашина (микро капки) е во должина од 15 метри и нејзиното отворање и затворање е комплетно регулирано од страна на операторот на тракторот директно од кабината со помош на хидрауликата. Оваа прскалка располага со најсовремена технологија која дава информации за работењето на сите бренери, евентуалните грешки и потрошувачката на течност на определена површина. Она што е карактеристично и се издвојува од останатите брендови присутни во Македонија е тоа што со оваа прскалка не постои празен од, односно како што се зголемува брзината на тракторот така бренерите испуштаат повеќе течност. Кога тракторот успорува и застанува, прскалката се исклучува и не се губи на препарати или течно ѓубриво.

Влечен атомизер Ontar Panter 1000l

Популарниот Panter од 1.000 литри веќе една деценија е присутен на нашите краишта. Традиционално, најпродаван е во Тиквешијата и Преспа како најголеми одгледувачи на грозје и јаболка. Но, речиси и да нема педа во Македонија каде не е продаден. Неговата продажба расте со подем на една друга земјоделска гранка, а тоа се јаткастите плодови, како лешници, ореви, бадеми кои се се повеќе присутни кај нас. Пумпата која е најбитен елемент е од познатиот италијански производител Comet (APS 121S) со 120л/мин проток. Дијаметарот на вентиларот е 900 мм, а на него се сместени двојни бренери или млазници и тоа 14 на број изработени од месинг. Од останатата опрема атомизерот е опремен со електрична инсталација со трепкачи, основен и секундарни филтри за пречистувачи. Секундарните филтри се многу битни поради тоа што спречуваат нечистотии и неразградена смеса да навлезе во бренери и да дојде до затнување. Покрај бурето од 1.000 л, атомизерот има уште еден помал резервоар за чиста вода намената за перење на самиот атомизер, како и мал резервоар за чиста вода за миење раце на операторот.

Производите на Buffer Tarim Aletleri котираат одлично на македонскиот пазар и нашиот земјоделец ги има оценето со висока оценка. Заземаат повеќе од 60% од вкупниот market share на годишно ниво.

Комплетната понуда на прскалки, атомизери и останати производи од оваа компанија може детално да се прегледа на sinpeks-shop.mk, продажниот тим на „Синпекс“ ДОО -Битола стои на располагање при конфигурирање на посакуваниот атомизер или прскалка, се со цел земјоделецот да добие она што му треба и најдобро ќе ги задоволи неговите потреби.

Бојан Ѓеровски за Зелена берза

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close