Австрискиот агрикултурен земјоделски кластер во соработка со Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза “ Битола и ЛАГ Агро Лидер Прилеп организираат настан „ Земјоделство и рурален развој – искуства и практики “. Станува збор за проект што ќе се реализира со помош на BACID програмата на ЕУ на 24 и 25 април. Ќе бидат присутни експерти од Австрија кои ќе ги пренесат своите искуства и практики од областа на земјоделството, посебно фармерството, млеко и месо преработувачката дејност.
Во рамки на нивниот престој во Македонија на 24 април предвидено е да се одржи работен состанок во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Скопје со Министерот Николовски и претставници на други институции што се поврзани со развојот на земјоделството и руралниот развој. Со цел австриските експерти да може да го споделат своето искуство и знаење со поголем број на засегнати страни од оваа област предвидено е на 25 април да се организира средба со фармери, млеко и месо производители, ветеринари што ќе се одржи во Битола.
Свои презентации ќе одржат:
Mr. Dr. Christian Brawenz, Аташе од Федералното министерство за
Одржливост и туризам на тема
“Мастерплан за рурален развој во Австрија и организација на поддршказа земјоделство и шумарство “,Mr. Mag. Hermann Wieser, Австриски агрикултурен кластер на тема „” Интеграција по должината на синџирот на додадена вредност на млеко и месо. Фактори за успех за квалитативно и квантитативно зголемување на производството на млеко ” и
Mr. Martin Stegfellner, Генерален директор на Сојузната асоцијација на австриски одгледувачи на стока , на тема “Организација на одгледувачи на добиток и успешна сточарство и производство на млеко во Австрија “.
Средбата ќе се одржи во конференциската сала на Синпекс ДОО Битола и се очекува да присуствуваат фармери од целиот пелагониски регион.
П.Ј.