вести

Домашна компанија за производство на храна инвестира 1,5 милион евра во нов капацитет

Домашната компанија Индустри сервис денеска почна со реализација на новата инвестиција од околу 1,5 милиони евра која ќе отвори 100 нови работни места. Почетокот на изградбата на новиот производствен капацитет лоциран во скопската населба Маџари, општина Гази Баба, го означија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Според вицепремиерот Анѓушев оваа нова инвестиција на компанија која е специјализирана за производство на храна за потребите на големи индустриски капацитети е уште еден доказ за процесот на индустријализација што се одвива во Република Македонија. Тој дополни дека овој тип на компании се многу важни во индустријата, бидејќи според податоците од Светската организација на трудот, компаниите кои имаат организирана исхрана ја зголемуваат својата продуктивност дури до 20 проценти.

– Станува збор за семејна компанија, која започнала како мала, а во текот на годините се проширувала. Факт е дека во многу земји индустријата се заснива на семејни компании, а добар пример за тоа е Германија, каде 70 отсто од компаниите се семејни, со долга традиција и кои се развивале со паметен менаџмент“, потенцираше Анѓушев.

Анѓушев подвлече дека во јули 2018 година, забележан е пораст на индустриското производство од над осум отсто, просечната плата во истиот месец е за над шест отсто повисока од истиот месец лани, додека извозот од Република Македонија бележи раст од 14,1 проценти, што покажува дека индустријата бележи значителен прогрес.

– Задачата на Владата да ги поддржи компаните во нивниот развој. Компанијата Индустри сервис е корисник на проектот Странски експерти за домашни компании и токму во декември странски експерт ќе помогне со реализација на новата инвестиција. Оваа компанија аплицираше за користење на мерките од третиот столб, кој се спроведува преку ФИТР, нивната апликација е позитивно оценета и се очекува да биде поддржана во вториот бран, дополни Анѓушев.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close