Баба Планина

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Баба Планина се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер,  иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според височината (Пелистер, 2.601 м) e трета планина во Република Македонија. Баба се наоѓа меѓу Пелагонија на исток и Преспанската Котлина на запад.

21.07.babin-zab11

Постојат две легенди прврзани со името Пелистер. Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб. Други веруваат дека е тоа е од петоигличниот бор – петлистер, па од таму – Пелистер.

Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк.  Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години.

k1a

Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180м. долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпинизам, планински велосипедизам и спортување. На планината постојат 24 врвови повисоки од 2000 метри.

Пелистер е најстар и втор по големина Национален Парк во Р. Македонија после Маврово.