Тетовска Варвара пример за развој на руралниот туризам

(Oвој напис е објавен на: June 1, 2019)

 

 

 

 

Тетовското село Варвара е едно од најживописните на Шарпланинското подрачје на иделна надморска височина од околу 800 метри, со прекрасен поглед на целата полошка котлина.

 

Мештаните од ова населено место кои сега веќе се отселени а тука доаѓаат за време на викендите не сакале да бидат само тие кои уживаат во прекрасниот  амбиент даден од мајката природа, па решиле и на сите љубители на планината да им овозможат убав престој тука.

 

Пред две децении на иницијатива на месната заедница и црковниот одбор најпрвин израмнет бил целиот црковен двор на храмот Света Петка, потоа изградена е тераса и истата е покриена. Реконструирано е старото училиште каде сега во него има кујна, трпезарија, соби за преспивање, кој им се нудат на сите кои сакаат да уживаат во Варвара па и да преспијат по некоја ноќ.

 

-Тука до сега можам да ви кажама дека се вложени над 250 000 илјади евра, во дворот, во старото школо, инвентар, прибор, водовод, па и подолу имаме место кое го викаме Студенец каде извира света вода. Ние тука мештаните од ова село уживавме во благодетите на она што го дава мајката природа, сите од нашите тераси имаме прекрасни погледи како и овој што е тука од црквата, но си рековме зошто ова да не го користат и другите граѓани. Тука можам да кажам, дека доаѓаат и до 4000 илјади луѓе годишно. Уживаат во воздухот, погледот, има скара кој сака може да прави и ручек ги има сите услови за престој. Решивме за оваа услуга од секое лице да земаме само по 30 денари колку да закрпиме некоја дупка, а за останатото се снаоѓаме сами . Тука имаме и 4 соби кој сака може и да преспие, рече Миле Серафимовски претседател на месната заедница од село Варвара.

 

Серафимвоски вели дека првично им била идејата да го развијат излетништвото, но сега гледаат дека придонесуваат и за развој на руралниот туризам.

 

-Секој може со малку вложени средства да придонесе да се развива руралниот туризам. Ако чекаме од државата за развој на овој сектор ништо нема да направиме Малку треба. Луѓето кои доѓаат тука па и странци ги интересира тоа што го има природата, а кај нас фала богу има доста природа и ние тоа треба да го искористиме, дека на други места ова ретко го има. Еве јас лично правам куќа од камен, сакам таа да ми биде вклопена во природниот амбиент. И во Петачко Водиче место над Беловиште државата ништо не инвестираше, ама црковниот одбор и месната заедница се заинтересираа и направија неколку ресторани, го средија дворот на  црквата, има и таму место за одмор, рекреација да направиш скара и сето ова со малку инвестиција за луѓето е привлечно, посебно на лето таму врие како во кошница, рече Серафимовски.

Варвара се наоѓа над добро познатиот Лешочки манастир и е оддалечено од Тетово околу 13 километри. Од Варвара водат планински патеки кон многу познати врвови. Препознатливо е со опкруженоста со густа костенова шума и почетна станица за бројни планинарски походи.

Зоран Димовски