Бабовски : Исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски при посета во општина Кавадарци информираше дека се исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
-Денеска, се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури, предадени во преработувачки капацитети. На сметките на 3.647 земјоделци, исплативме 229.5 милиони денари. Средства кој се свеж капитал во агро – секторот и кој ќе помогнат за зголемување на производството и површините.“ – истакна Бабовски.
Владата, Агенцијата и министерството ќе продолжат да креираат мерки и програми кои овозможуваат рамномерен регионален развој и домашно земјоделско производство кое во оваа време на пандемија е од огромно значење. Земјоделството е наша шанса за успех и обезбедување на храна за домашните и странски пазари.