
Агро бизнисВестиРурален туризамТоп вести
Двајца Бугари фатени со дрога кај манастирот во село Слепче
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.Б.(35) и И.Ч.(39), двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, Н.Б. на земја фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја.
СВР Битола информира – На 15.05.2025 во 18.00 часот на локален пат од с.Слепче кон манастир Св.Јован Претеча, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.Б.(35) и И.Ч.(39), двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, Н.Б. на земја фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.