Агро бизнисБез категоријаВести

„Ја сакам Плачковица“ по 19. пат во организација на штипските планинари

-Осумнаесет километри е должината на патеката. Започнува од Планинарскиот дом „Вртешка“, се оди до Туртел, врв од штипскиот дел на Плачковица, и се враќаме повторно во Планинарскиот дом „Вртешка“. Висинската позитивна разлика е 750 метри надморска висина. Исто така ја имаме и детската трка, в недела, од 10:00 часот,

Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ викендов ќе се одржи по 19. пат. Во двата дена планирана е богата програма со активности за кои пријавувањата се во тек. Милорад Ангелов од планинарското друштво „Лисец“ на прес-конференција истакна дека пристигнала и најава  за присуство на планинари од соседните земји, а се очекува да имаат над 1.000 гости.

-Навистина, оваа година интересот за сите активности е голем. Она што е интересно е дека не само што имаме интерес од цела Македонија, туку се јавија и групи од Бугарија, Србија, коишто ќе присуствуваат на нашиот Фестивал. Бројката, според некои наши прогнози, за посетеност, е над 1000 души, вели Ангелов.

Една од активностите е планинската трка којашто се одржува по вторпат, а е од рекреативен карактер за сите коишто сакаат да бидат дел од планинско трчање. И годинава ќе се одржи и велосипедска тура, во должина од околу 40 километри и висинска разлика од 1000 метри.

-Осумнаесет километри е должината на патеката. Започнува од Планинарскиот дом „Вртешка“, се оди до Туртел, врв од штипскиот дел на Плачковица, и се враќаме повторно во Планинарскиот дом „Вртешка“. Висинската позитивна разлика е 750 метри надморска висина. Исто така ја имаме и детската трка, в недела, од 10:00 часот, истакна Бојана Стефанова, член на ДПС „Лисец“.

На прес-конференцијата, Никола Грозданов од МТБ Штип истакна дека секој што ќе учествува на велосипедската тура, должен е да дојде психо-физички спремен, да има исправен велосипед и да носи задолжително заштитен шлем или кацига за да не дојде до несакани падови.

Други активности кои се дел од овогодинешната програма се и спелеолошката акција со посета на пештери и „виа-ферата“ искачување на врвот Лисец. И годинава можност има и за качување на вештачка карпа за почетници и авантуристи.

Настанот се одржува со поддршка на општините Штип и Карбинци, а е во рамки на 38. издание на манифестацијата Штипско културно лето.

Поврзани новости

Back to top button
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom