fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски меѓу тутунарите во прилепско

Ги информиравме тутунарите за последните активности околу имплементацијата на финансиската поддршка за тутун предвидена во 5-тиот ковид пакет.

Денеска заедно со заменик – министерот Трајан Димковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ Зоран Пачешкоски бевме во посета на тутунопроизводителите каде што информиравме за последните активности околу имплементацијата на финансиската поддршка за тутун предвидена во 5-тиот ковид пакет.
Од денеска стартуваше исплатата за 19.060 тутунари на чии сметки ќе се слеат 300 милиони денари.
Корисници на финансиската поддршка се производителите кои предале тутун во откупните претпријатија.
Законското решение предвидува исплата на :
3 денари / кг за II класа тутун.
16 денари / кг за III и IV класа тутун.
Со финализирање на оваа постапка, државната финансиска поддршка за тутунопроизводството во 2021 година достигна 2 милијарди денари.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close