fbpx
ВестиТоп вести

ОСИГУРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Осигурувањенапосеви и плодови

Земјоделството во Северна Македонија претставува значајна стопанска гранка која во бруто домашниот производ учествува со над 10%, дејност со која се занимава околу 20% од населението или околу 70000 регистрирани земјоделци и 200000ha обработливо земјиште.

Исклучително ризичен е Преспанскиот регион !.

Земјоделците се соочуваат со суша, многу високи температури, доцни пролетни мразеви, преголема инсолација, нови болести и штетници, појава на топлотeн стрес и град врз земјоделските култури          што доведува до намалување на
приносите и нивниот квалитет.е.

Затоа,                   ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот.

А) Го намалува ризикот и го стабилизира
неговиот доход.
Б) Ја намалува неизвесноста и дава можност за земјоделецот да планира на подолг рок.

Осигурителните компании испорачуваат земјоделско осигурување, додека крајното решение и покритие го обезбедуваат токму осигурителните брокери!

ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, а осигурителните компании во тој случај избегнуваат да се заштитат од тој ризик!

Дури 80% од полисите во ризичниот регион – Преспа се изработени од страна на
СН Осигурителен брокер Битола!

ДА, нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва и активно се вклучуваме во донесувањето на законски мерки и начин на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање!

Искуството во изминатите три години, кажува дека имаме традиционални осигуреници-наши следбеници и соработници или веќе и наши деловни партнери.
Заедно со тимот којшто работи на земјоделското осигурување ги вклучуваме и нашите осигуреници се со цел да претставуваат наша проширена комисија со која ќе можеме да овозможиме ефективни промени кај осигурителните компании во делот на проценка на оштетување и обештетување на плодовите

Ние, како осигурителен брокер нудиме и бесплатна правна помош во случај на штета како и во делот на склучување на договорите.

Кај нас земјоделецот не е повеќе САМ, туку со нас земјоделецот добива свој партнер, а тоа е
СН Осигурителен брокер АД Битола !

Ако се знае дека на територијата на земјата од вкупно евидентираниот број или 90000 евидентирани земјоделци само 4% се осигурани, јасно е дека основната насока и основна цел кон која треба да се движи осигурителниот сектор е изнаоѓање на модел за зголемување на осигурителната премија и полиси во делот на осигурување на посеви и плодови, а посебно во делот на осигурување на добиток.

ПОСЛЕДОВАТЕЛНО НА ЗАКЛУЧОЦИТЕ

Oд Конференција за осигурување во земјоделството јасна регулатива, повисока свесност и
високо ниво на професионалност!

Според нашите анализи и искуството од изминатите три години, сметаме и предлагаме во новите модели на осигурување бидат инкорпорирани следните РИЗИЦИ:

1.ПРОИЗВОДСТВЕН РИЗИК И ОПЕРАТИВЕН РИЗИК
ризик од намалување на квалитетот на производот и/или количината на производот и недостаток на работна сила

  • природни катастрофи,
  • недостаток на вода,
  • расипување на механизација,
  • пожари,
  • незгоди,
  • урбанизација.
  1. ПАЗАРЕН И ФИНАНСИСКИ РИЗИК
  • волатилност на цените;
  • недостаток на финансии,
  • каматни стапки;
  • недостаток на работна сила.
  1. ТЕХНОЛОШКИ, ИНСТИТУЦИОНАЛЕН И РЕГУЛАТОРЕН РИЗИК
  • нужност од следење на современите
  • технологии заради зачувување на
  • конкурентноста;
  • увозна и извозна политика;
  1. 4. ИНФРАСТРУКТУРЕН РИЗИК
  • ризик од неадекватна инфраструктура за производство, складиштење и дистрибуција на производот.

Ова се впрочем и основните НАЧЕЛА на кои
СН Осигурителен брокер АД Битола го темели концепцискиот МОДЕЛ на информирање на клиентите во процесот на земјоделско и сточарско осигурување.

Осигурувањето претставува ветување за идно плаќање, што како последица бара висока доверба кај осигурениците !

НО, прифаќањето на предизвиците и иновациите со стремеж кон уште поголема стабилност од веќе постојната е движечка сила на
СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР БИТОЛА!

НОВИОТ ПРОИЗВОД КОЈ ГО ПРИФАЌА
СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА

ИНДЕКСИРАНОТО ОСИГУРУВАЊЕ – инструмент развиен за справување со катастрофални ризици во југоисточна Европа, поддржан од Европа Ре,

прифатен од СН Осигурителен Брокер АД Битола и партнерите.

СН Осигурителен брокер АД Битола
континуирано ги следи трендовите, случувањата и препораките на пазарот и на локално и на централно ниво.

Нашата цел, како тим во делот на земјоделското осигурување, не е единствено програмата осигурување.

Нашата ВИЗИЈА е да помогнеме
Министерството за земјоделство и Владата на Северна Македонија не само да ги заштитат своите производи туку и заедно со овластените лица од Министерството да изнајдеме пласман на производите.

Како брокери кои ги познаваат осцилациите на пазарот, честопати сме се соочиле со асиметрични информации кои доведуваат до негативна селекција и морален хазард кај осигурениците.

Тоа за нас е мотив повеќе успешно да ги заштитуваме нашите осигуреници и затоа им порачуваме:

„ СИГУРЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ Е САМО ОСИГУРЕНИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ! “

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close