fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски најавува-Субвенците за тутунарите до крајот на април

Претходно министерот Николовски а сега и директорот на Платежната Бачовски највуваат дека субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени на крајот на месецов.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски за zelenaberza.com. потврдува дека субвенциите за тутунопроизводителите за реколтата 2022-2023 ќе бидат исплатени овој месец, на крајот на април 2023. Тутунарите веќе ги почнаа подготовките за новата реколта, расадот напредува  и велат дека неопходно им се средства за работа.

И претходно министерот Љупчо Николовски објави дека исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите ќе биде до крај на април! Над 26 милиони евра во еден ден ќе бидат исплатени на тутунарите, рече министерот Николовски.

„Целта на новиот модел на субвенционирање беше брза и навремена исплата на субвенциите, што е битно за земјоделците да ги имаат парите кога им се потребни. Оваа година за само два месеци се исплатени над 60 милиони ервра кон 78.000 земјоделци. Платежната агенција беше целосно подготвена и апликациите за субвенции се исплатени. Започна исплатата на лозарите, на поледелците за житните култури, на градинарите, сточарите и денеска можам да најавам дека тутунот, кој секогаш се исплаќал многу подоцна, оваа година ќе се исплати до крајот на април. Бидејќи годинава имавме рекордно добар тутун, кој беше класифициран како прва класа, а согласно новиот модел на субвенционирање, мотивираме квалитет, и кај тутунот ги зголемивме субвенциите за тие кои имаат прва и втора класа, износот ќе биде околу 26 милиони евра и ќе биде исплатен кон сите тутунопроизводители, а исплатата ќе се реализира до крајот на април.“, најави министерот .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close