fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиИнтервјуаМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамТоп вести

Бачовски потврдува-За предадено млеко сточарите ќе добијат пари и Интервентен фонд и од дирекните плаќања

Да нема забуна, за млекото предадено од октомври 2021 година до септември 2022 година млекарите ќе добијат од државата 1 + 3,5 денари = 4,5 денари за предадено кравјо млеко, односно 1 + 4,5 = 5,5 денари  за предадено овчо и козјо млеко, потврдува Никица Бачовски за Зелена берза.  

Да нема забуна кај сточарите, покрај средствата од Интерветниот фонд од 1 денар по литар предадено млеко, сточарите ќе добијат и по 3,5 денари за предадено кравјо млеко, односно 4,5 денари  за предадено овчо и козјо млеко од директните плаќања. 

Ова за Зелена берза го потврдува првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски, откако сточари, наши читатели се најдоа во дилема дали покрај 1 денар од Интерветниот фонд, млекарите ќе добијат и редовни субвенции од државата.

-Средствата од 1 денар по литар предадено млеко во преработувачки капацитети што им беше исплатено на сточарите е од Интерветниот фонд и е дополнителна мерка, што значи сточарите ќе ги добијат и средствата од директните плаќања во висина од  3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Што значи за млекото предадено од октомври 2021 година до септември 2022 година краварите ќе добијат од државата 1 + 3,5 денари = 4,5 денари за предадено кравјо млеко, односно овчарите и козарите ќе добијат 1 + 4,5 = 5,5 денари  за предадено овчо и козјо млеко, потврдува Никица Бачовски за Зелена берза.  

Во петокот исплатени се 113.839.560,00 денари кон 6.007 корисници на подмерката од Интервентниот фонд.

-Корисници на подмерката 2.3 „Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко” се корисниците од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и тоа земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистерот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) кои сопственото производство го користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или го имаат произведено и предадено на регистриран откупувач на суроово млеко, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, во период од 01.10.2021 година до 30.09.2022 година, информираат од АФПЗРР.

Висината на финансиската поддршка, како што посочуваат од Агенцијата, изнесува 1 денар по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко на регистрирани откупувачи, односно преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

-Како досега така и во следниот период продолжуваме со засилена динамика за имплементација на програмите за директни плаќања, рурален развој и програмата за интервентен фонд како главни механизми за државна финансиска поддршка за агросекторот и домашното производство на храна, информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

А.Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close