Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски во посета на фармерите корисници на мерката за набавка на трактори
Новиот трактор во стопанскиот двор на Еко Фарм е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од АФПЗРР.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска беше во посета на Еко Фарм 2017, семејна градинарска фарма управувана од Александар Крстевски.
-Ги посетивме како успешни корисници на мерката за набавка на трактори преку која се доделени 540 грантови.
Новиот трактор во стопанскиот двор на Еко Фарм е во вредност од 733 илјади денари, од кои 403 илјади се грант од АФПЗРР.
Преку програмата за рурален развој, Агенцијата дава сериозен придонес во модернизацијата на македонското земјоделство.
Досега преку програмата се исплатени 990 милиони денари што претставува реализација од 85% од предвидените капитални инвестиции, соопшти Бачовски.