fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Банките ќарија поголеми добивки од пандемијата

Поголемите добивки во банкарскиот сектор не се за изненадување ако се земе предвид дека минатата година во април банките дадоа можност во наредните 6 месеци да не се отплатуваат кредитите, но за тие 6 месеци се пресметуваа камати.

Финансиски извештаи Најголемата банкарска тројка – Стопанска банка, НЛБ банка и Комерцијална банка, кои заедно држат половина од банкарскиот сектор (пазарно учество на вкупна актива), во првото полугодие од годинава, имаат вкупна добивка од 49,7 милиони евра, додека во истиот период лани оствариле добивка од 39,2 милиони евра

Банките почнаа да ги објавуваат финансиските извештаи за своето работење од првото полугодие од годинава и според она што е досега видливо, тие повеќе заработиле отколку лани. Најголемата банкарска тројка – Стопанска банка, НЛБ банка и Комерцијална банка, кои заедно држат половина од банкарскиот сектор (пазарно учество на вкупна актива), во првото полугодие од годинава, имаат вкупна добивка од 49,7 милиони евра, додека во истиот период лани, оствариле добивка од 39,2 милиони евра.

Најголема добивка за 6 месеци остварила НЛБ банка. Оваа банка досега не била на чело со добивките. Банката годинава има огромен скок во однос на лани. Така, за првите 6 месеци од годинава, НЛБ банка остварила нето-добивка од 18,4 милиони евра, а минатата година добивката и била 11,5 милиони евра. Приходите на оваа банка се остварени од нето-камати (разлика меѓу каматите што банката ги наплатува за дадените кредити и оние што ги дава за депозитите) од 23,7 милиони евра, како и од нето-провизии од 9,5 милиони евра.

Втора по остварени добивки, но прва по прибраниот износ од камати е Стопанска банка. Банката во полугодието од 2021 година остварила нето-добивка од 17,8 милиони евра, односно 2 милиони евра повеќе од ланското прво полугодие. Чистата добивка од каматите на оваа банка е дури 30,7 милиони евра и за околу 800.000 евра поголема од лани, а до 30 јуни годинава, Стопанска банка од провизии и од други давачки ќарила 6,4 милиони евра.

Комерцијална банка за 6 месеци заработила од каматите 19,2 милиони евра, што е помалку од лани кога во истиот период инкасирале 19,6 милиони евра, но затоа Банката добила повеќе од провизии – во првото полугодие од оваа година заработката и била 8,5 милиони евра, а лани, во истиот период, добила  7,3 милиони евра. Крајниот резултат, претставен во нето-добивка покажува дека за 6 месеци Комерцијална банката е во добивка од 13,5 милиони евра, а лани, во истиот период имала ќар од 12,2 милиони евра.

Поголемите добивки во банкарскиот сектор не се за изненадување ако се земе предвид дека минатата година во април банките дадоа можност во наредните 6 месеци да не се отплатуваат кредитите, но за тие 6 месеци се пресметуваа камати. Оваа понуда ја прифатиле 70 отсто од граѓаните, а шестмесечната камата, според пресметките на „Слободен печат“ (врз основа на податоците од Народната банка), ги чини овие граѓаните дополни 39 милиони евра. 

На мал дел од граѓаните што го искористиле првото одложување на кредитите, им било одобрено и ново одложување од октомври до април, а останатите продолжиле со редовната отплата на ратите, на каматите, но и на дополнителните камати. Овие дополнителни камати, за сите кредити, освен за кредитните картици, тие ги отплатуваа на 6 рати, распоредени од октомври 2020 до април 2021 година, додека пресметаната камата за одложувањето за кредитните картички се наплати еднократно во октомври.https://www.slobodenpecat.mk/bankite-kjarija-pogolemi-dobivki-od-pandemijata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close