fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените

Ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари.

Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи и по 1 јануари. Тоа, како што кажа, ќе зависи од анализите што ќе ги направи Министерството за економија до крајот на годинава.

-Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Прашан зошто беше потребен голем пакет на помош за граѓаните на само неколку месеци пред избори, Бектеши рече дека мерките се најавени од почетокот на годинава и не се мерки кои граѓаните не ги очекувале.

-Ветивме дека ни еден граѓанин нема да го почувствува товарот на енергетската и економската криза и дека како држава ќе ја покриеме разликата со цел да им излеземе во пресрет за тоа што е изгубено во минатото во делот на зголемување на инфлацијата и од влијанието на енергетската криза во делот на семејствата. Мерките се ветени на семејствата кои навистина имаа потешкотии во делот на справување со инфлацијата и со енергетската криза. Над 7.000 домаќинства во наредните денови добиваат директна субвенција како ранливи категории од страна на Министерството за економија за исплата на нивните фактури за потрошена електрична енергија, рече Бектеши и додаде дека оваа мерка се реализира од почетокот на годинава.https://nezavisen.mk/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close