fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши: Имаме најевтини храна и горива во регионот

Во однос на цените на прехранбените производи, министерот истакна дека мерките ги дадоа резултатите

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска порача дека треба да бидеме горди на фактот што Македонија во регионот е најевтина земја во делот на цените на прехранбени производи и нафтени деривати.

-Иако нафтените деривати се берзански производи, секоја Влада има простор процентуално да влијае во утврдување на цените, посебно во делот на фискалните политики каде што влегуваат акцизите, ДДВ-то, па и другите царински давачки. Имаме простор да донесуваме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени, рече Бектеши на прес-конференција.

Во однос на цените на прехранбените производи, министерот истакна дека мерките ги дадоа резултатите, и во делот на контрола на ланецот на трговијата, не само во однос на замрзнувањето.

-Само од октомври 2022 до крајот на април годинава имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава, порача Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close