Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бектеши: Од први декември очекувам пониски цени на лебот и млекото од 5 до 12 отсто
Лебот, млекото и месото ќе поевтинат до 13 проценти, уверува министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со производителите и маркетите. Оптимизмот се должи на поевтината струја, обезбедена за прехранбените компании.

Само неколку дена откако во гостување на ТВ24 прозиводителите на прехранбени производи искажаа песимизам во однос на намалување на цените, Бектеши уверува дека некои цени веќе се намалени, а од декември, откако компаниите ќе ги потпишат договорите за премин на регулиран пазар на струја, ќе има нови поевтинувања. Ако не се случи тоа, им се закани со инсепкции.