fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Бела вода“ прогласено за најдобро македонско вино на еден од најголемите европски вински натпревари

Нашите вина со години се најтрофејни во Југоисточна Европа

На три реномирани интернационални вински натпревари кои изминатиот период се одржаа во Германија, Велика Британија и Австрија, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 23 медали и една специјална награда за најдобро македонско вино. Со овие награди, вкупниот број на освоени медали и признанија од почетокот на годинава се искачи на речиси 100со што „Тиквеш“ одново ја потврдува лидерската позиција на винскиот пазар и континуираниот стремеж да го понуди најдоброто за потрошувачите.

Конкретно, на еден од најголемите европски натпревари „Mundus Vini Summer Tasting“, кој се одржува во Германија, „Bela Voda white 2021“ освои златен медал и специјална награда за најдобро македонско вино (Best of Show North Macedonia). Златни медали добија и „Terrasse au Soleil 2021“ и „Barovo red 2019“, додека на „Bela Voda red 2019“ му беше доделен сребрен медал.

На натпреварот „Austria Wine Challenge Vienna 2022“ пак, пет вина освоија златни медали и тоа: црвените „Barovo“, „Bela Voda“, „Vranec Luda Mara“и „Terrasse àl’Ombre“ од бербата 2019, како и белото „Sauvignon Blanc Barovo 2021“. Сребрени медали освоија „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, „Bela Voda white 2021“, „Barovo white 2021“ и „Alexandria Cuvée rose 2021“.

На престижниот „International Wine & Spirit Competition 2022“, кој се одржа во Лондон, беа освоени 10 медали, при што сребро беше доделено на „Vranec Luda Mara 2019“, додека бронзен медал освоија црвените вина „Alexandria Cuvée 2020“, „Barovo 2019“,„Vase de Pierre Château de Gourdon 2018“,„Terrasse à l’OmbreChâteau de Gourdon 2019“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, како и белите вина „Bela Voda 2021“, „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и розе виното „Alexandria Cuvée 2021“. Покрај вината, на овој исклучително конкурентен натпревар бронзен медал освои и жолтата лозова ракија VS.

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа , што претставува значајна конкурентска одлика помеѓу производителите на вино. Воедно, освојувањето на овие признанија има големо значење за јакнењето на угледот на Македонија како винска земја во глобални рамки, како и за пробивот на вината на „Тиквеш“ и на останатите македонски вина на светските пазари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close