fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бензините од ноќеска поевтинуваат за денар, дизелот за два денари

Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе има малопродажна цена од 80 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 82 денари за литар. Еуродизел БС на бензинските станици ќе чини 80 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесува 78,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,4 отсто. Од ноќеска на бензинските станици низ земјава цената на бензините се намалува за 1 денар за литар, додека цената на дизелот се намалува за 2 денари за литар.

Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе има малопродажна цена од 80 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 82 денари за литар. Еуродизел БС на бензинските станици ќе чини 80 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесува 78,5 денари за литар.  Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 денари за килограм и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 1,34 отсто, кај дизелот за 2,582 отсто, кај екстра лесното масло за 1,594 отсто и кај мазутот има намалување за 3,35 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,707 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close