Дозволени пестициди во органското производство

(Oвој напис е објавен на: March 31, 2017)

organsko

Иднината во заштитата на растенијата сѐ повеќе се гледа во употребата на пестицидите кои се дозволени и во органското производство. Според експертите, ваквата заштита дава добри резултати без да ги загадува плодовите и околината.

Без соодветна заштите на површините, органските производители тешко се справуваат со растителните болести и штетницикои знаат драстично да ги намалат приносите.

Оргаските производители сепак имаат избор на дозволени пестициди во одгледувањето на растенијата, кои се малку познати и многу малку се користат.

Според застапниците на големите компании во заштитата на растенијата кај нас постојат неколку дозволени пестициди кои целосно го решаваат овој проблем.

Органските пестициди се произведуваат од природни супстанци кои не само што можат да се консумираат веднаш по третирањето на плодовите тукуне ја загадуваат ни почвата ни водата, а цените се повисоки за само 5 проценти од другите пестициди.


 

мртв

Share Button