fbpx
ВестиСоветиТоп вести

ОДБИВАЊЕ НА ЈАГНИЊАТА СО ЗАМЕНИ НА МЛЕКО

 

 

Овчарството како гранка од сточарството е мошне важна за Р. Македонија, кое не само што има долга традиција, туку од него се остваруваат и значајни финансиски резултати во земјата (јаг. месо, млеко и млечни преработки, живи јагниња и др.). Меѓутоа, до минатата година тоа стагнираше како по бројот на грла така и по остварените финансиски резултати. Причини за тоа има многу, но можности и решенија за интензификација постојат и неопходно е нивно вклучување кај повеќе овчарски фарми, а особено кај индивидуални стопанственици.


Познато е дека на самото сточарство влијаат најмалку 5 фактори. Тоа се генетиката, менаџментот, исхраната, сместувањето и болестите.
Со користењето на новите техники и технологии во одгледувањето, а особено во исхраната, може да се надминат таквите проблеми и обезбеди профитабилно овчарско производство.
Раното одбивање на јагнињата на возраст од 21 и 28 дена и примената на новите технологиии не е непозната работа и било предмет на истражувања од повеќе аспекти. Меѓутоа, одбивањето на јагнињата на возраст од 2-3 дена, како технологија претставува иновација во нашата земја, а која е доста раширена кај развиените земји, бидејки самата технологија форсира интензивно овчарско стопанисување, во кое се вклучени и селекцијата, репродукцијата (синхронизирањето на еструсот) и др.


Најчесто одбивањето на јагнињата со замени на млеко, т.е. млечни заместители се врши кај:
– близни или тројки на јагниња,
– јагниња од овци со слаба млечност,
– сираци-јагниња.
Но, во услови кога цената на млекото (сирењето) е конкурентна, а во исто време се оди на поголема продукција на јагниња (месо) по овца годишно, вештачкото одгледување на јагнињата може да најде примена и кај сите јагниња.

Санолак Ламб е најдобра млечна замена.
Самата методологија се состои од следните постапки:
– Јагнињата мора да го исконзумираат колострумот во првите часови по објагнувањето (200-250 мл).
– Одбивањето да биде меѓу 12 – 24 часа по раѓањето, но што е порано тоа е подобро. Во последниве години во светот е зголемен интересот на одгледувачите на овци за поголемо користење на замените на млеко. Поновите испитувања покажаат дека јагнињата мора да цицаат од мајката најмалку еден ден, но не повеќе од 2 дена. При подолго цицање привикнувањето на јагнињата на користење на вештачки боски или цуцли е значително потешко. За полесен премин на јагнињата од мајчино млеко на замени на млеко, се препорачува период на гладување од 12 часа. Ова овозможува полесно навикнување на вештачки хранилки. Јагнињата треба да се стават по 8-12 во бокс. На тие јагниња кои имаат потешкотии со начинот на цицање на млекото од цуцли им се помага во првите денови. Обично, цуцлата со раце се става во устата на јагнето. Ако јагнето не почне веднаш да цица, треба да се движат вилиците на јагнето поради стимулирање на цицањето. Према искуството на овчарите ставањето на раката на задниот дел на телото (на бутините т.е. сапите) на јагнето и внимателното буткање (имитирање на постапката на мајката) го стимилира јагнето на цицање. Многу е важно и млекото да е топло, така да после 3-4 вежби, јагнињата сами ја користат вештачката цицка. Како алтернатива може да помогне и нивно сместување со 3-дневни јагниња кои претходни се научени на хранење од цуцла.


– Да се стават во сува, топла и затворена просторија со доста чиста и сува слама.
– Јагнињата не би требало да ги гледаат или слушаат своите мајки додека се привикнуваат (одбиваат на млечен заместител).
– Да не се мешаат многу млади јагниња со постари јагниња во ист бокс, зошто нема да можат да конзумираат адекватно количество на заместител.
– Кога ќе се сместат во боксот, а најдоцна во текот на првата недела треба да примат вакцина против ентеротоксемија, и тоа мајките пред објагнувањето, а потоа и јагнињата. Треба да се даде и Фе- декстран, АД3Е и Се. Можно е давање и на комбинација на антибиотици (заместителот треба да има висок ниво на антибиотици за да се спречи проливот и други дигестивни нарушувања).
– Составот на млечниот заместител во основа треба да има 22-30% масти, 20-25% млечни протеини и 30-40% лактоза.
– Заместителот треба да биде растворен со вода на минимум 17-20% сува материја (175-200 г на млечен заместител растворен во 1 л вода) а што зависи од препораките на производителот на млечниот заместител.
– Во метални или пластични садови заместителот прво се раствара со мешање во топла вода и тоа со половина од потребната вода (500Ц) 3-4 минути, при што прво се става водата па потоа заместителот во прав. Потоа веднаш се лади со додавање на ладна вода до околу 33-350Ц. Ова го спречува стварањето на згрушоци во млечниот заместител при складирањето.
– Користење на кофи со повеќе цуцли (5) кои треба да се прицврстени.

Кофа со гумени цуцли за напој на јагнињата. А. Кофа за закачување. Б. Кофа на подлога.
– Само првата недела треба да се дава топол млечен заместител, а потоа ладен (15-200Ц), бидејки јагнињата во тој случај ќе конзумираат малку, но почесто и со тоа ќе се избегне опасноста од прејадување и појава на дигестивни проблеми. Обично при ад либитум, секое јагне ќе конзумира 220-340 г на заместител во прав, т.е. 1-2 л на течна храна/дневно.
– Во текот на 1-3 ден од првата недела напојот со млечен заместител треба да е 5-6 пати во текот на денот со количество на течност од 100-150 мл., а од 4-7 ден три до четири пати со по 150-200 мл млечен заместител по јагне на едно напојување.
– Напојот со млечен заместител од втората па до шестата недела треба да е два до три пати дневно, со околу 350-500 мл по напој во втората па до 700-1000 мл во 4та недела. Во текот на 5та недела се намалува на 500-750 мл по напој дневно,а во 6та на околу 400-500 мл по напој. За постигнување на 1 кг прираст јагнињата треба да конзумираат 1.0-1.3 кг заместител во прав. Меѓутоа, при вообичаен начин на исхрана на јагнињата со природно мајчино млеко, потребно е приближно од 4.0-5.0 л млеко за 1 кг прираст
– Опремата (садовите, кофите, цуцлите) треба да се држат чисти, за да нема загадување на млекото.
– Јагнињата треба да имаат пристап до свежа вода и до високо квалитетно сено и тоа од 7-10 ден на старост, за да се привикнат на сува храна и да се стимулира развојот на преджелудците.
– Температурата во објектите за одгледување на јагнињата треба да е од 15-18 0С.
– Исхраната со млечен заместител е релативно скапа, па како препорака е одбивање на 4-5, евентуално до 6 недели. Една недела пред одбивањето треба да се почне со додавање на смеската која ќе се користи по одбивањето се до постигнување на маса од 17-18 кг. Наглото одбивање на јагнињата при одредена телесна маса или возраст, за пракса е поедноставно од постепеното намалување на замената на млеко во тек на одреден период. Но, овој метод е прифатлив, само кога јагнињата конзумираат одредено количество на крмна смеска. Смеската треба да има високо ниво на протеини (најмалку16%) и енергија.
Како најчести проблеми кои се јавуваат во исхраната на јагнињата со заместител се дијареата (проливот) и надунот на абомазумот (сириштето). Најчеста причина за појава на проливи е недоволната и неправилна хигиена на садовите. Но, можно е некогаш да биде причина и самото млеко. Лечењето е со петдневно давање на антибиотици и тоа преку млекото. Во некои случаи можно е користење и на 0.5-1.0% формалин во млекото. Појавата на надунот најлесно се елиминира со орално третирање на јагнињата со натриум бикарбонат.

Дип.Инж.Агроном

Александар Христовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close