fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бензините поскапи за 2, а дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 64,50, а Екстра лесното масло за греење за 64,50 денари за литар.

За 1,526 денари се зголемува и цената на Мазут М-1 НС, и еден илограм ќе чини 40,053 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848% , кај дизелот за 4,015% , кај екстра лесното масло за 5,285 % и кај мазутот за 4,763%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,31 %.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close