fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бензините поскапуваат за 0,5 денари за литар

Дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Бензините од полноќ поскапуваат за 0,5 денари, додека дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто во однос на Одлуката од 05.07.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.07.2021 година.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 денари за литар, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 денари за литар, Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 денари за литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 денари за литар и Мазут М-1 НС 37,719 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,887 отсто, кај дизелот има намалување за 0,292 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,118 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,579 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,495 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close