Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бензиските пумпи ќе ги загубат лиценците ако не точат квалитетни горива
Заев-контролите ќе бидат постојани и ќе продолжат, со цел да се види дали сите ги почитуваат пропишаните стандарди
Во рамки на своето излагање, премиерот, Зоран Заев потенцираше дека освен санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, ќе има и препораки од страна на Регулаторната комисија за енергетика за одземање на лиценци, доколку бензиските пумпи точат неквалитетно гориво.
„Дејствијата се тие. Тоа е веќе соопштено во јавноста и е надминат процентот на вода, пепел или немаат доволно петдневни резерви што е законска регулатива но и впишано во Правилникот, со цел соодветно сите институции да ги носат одлуките, и тука не треба да застанеме“, истакна Заев.
Исто така, премиерот потенцира дека контролите ќе бидат постојани и ќе продолжат, со цел да се види дали сите ги почитуваат пропишаните стандарди.