fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците да се придржуваат кон правилата кога управуваат со земјоделската механизација

Во поширокиот Полошки регион, од скоро во полн ек се интензивни, подготвително-сеидбени земјоделски активности, проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на овдешните земјоделци.

zemjodelcite da se pridrzhuvaat kon pravilata koga upravuvaat so zemjodelskata mehanizacija

 

Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно советува: земјоделската механизација да се користи исклучиво за својата намена, а не и за превезување на лица, да биде технички исправна и навреме регистрирана; ваквиот вид механизација задолжително да ја управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници, особено ако механизацијата се движи навечер и по сообраќајно пофрекфрентни патишта; во вечерните часови, исто така, механизацијата, односно тракторите да бидат соодветно осветлени за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот.

Доколку не се почитуваат овие препораки, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, со напомена дека глобата за нерегистриран трактор, на пример, изнесува 500 евра во денарска противвредност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close