fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Берачите на грозје со нови ценовници: Рипна зејтинот, рипна брашното, си рипнаа и нашите дневници!

Десетици семејства од Кочани, Штип, Струмица и други општини веќе се сместени во Неготино, и започнаа со гроздоберот на раните сорти на грозје.

Додека лозарите во Тиквешко се подготвуваат да излезат на предупредувачки протест поради ниските откупни цени на грозјето и алармираат дека со овие цени лозарството ќе биде уништено, берачите на грозје бербата ја започнаа со нови, повисоки дневници.

Десетици семејства од Кочани, Штип, Струмица и други општини веќе се сместени во Неготино, и започнаа со гроздоберот на раните сорти на грозје.

За ,,Фокус” велат дека традиционално, како и секоја година, пристигнале на 15-ти август, а ќе останат до средината на октомври. За оваа година имаат нов ценовник, и појаснуваат дека новите цени се должат на глобалното поскапување.

-Лани беревме грозје од шест до 12 часот за 1.200 денари. Сега цената изнесува 1.400 денари за берба, 2.000 денари за берба плус товарање на грозјето. Ако треба да останеме плус некој час, да се добере грозјето, лани наплаќавме по 200 денари од час, годинава цената е 300 денари.
Мора така. Рипна зејтин, рипна брашно, имаме семејства за гледање. Јас сум овде со цела фамилија, сите сме берачи и стари и млади, 12 лица сме. Плаќаме соба под наем, имаме трошоци. Нормално е и нашите дневници да бидат повисоки, кога насекаде се е поскапено – вели берач од Кочани, кој веќе со години наназад во ек на берба престојува во Неготино.

Појаснува дека тие одат на берба заедно, целата група од 12 лица и не се делат, што значи дека за шест часа берба добиваат 16.800 денари, плус за товарачите и за секој дополнителен час. Се случувало денот да го завршат со 30.000 денари заработка.

Зголемената цена на дневниците на берачите е уште еден удар врз лозарите. Деновиве се актуелни реакциите на здруженијата на лозаро-производителите од Тиквешко, а од ,,Напредни лозари” порачаа дека цените кои ги објави винаријата ,,Тиквеш” се срамни.

За килограм смедеревка 12,5 денари и 16 денари за килограм вранец е неприфатливо, но и економски неисплатливо за лозарите кои годинава имаат значително зголемени трошоци поврзани со одгледувањето на грозјето.

Како единствен излез од состојбата која се повторува секоја година, гледаат на Отворен Балкан. Во минатото, во поранешна Југославија, проблеми со откупот и цените на грозјето немаше, бидејќи имаше голем пазар.
Бараат реални цени, да се почитува нивниот труд, но и Владата да се заложи за изнаоѓање на трајно решение.https://fokus.mk/berachite-na-grozje-so-novi-tsenovnitsi-ripna-zejtinot-ripna-brashnoto-si-ripnaa-i-nashite-dnevnitsi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close