fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Берхан Абдулов-Ја чекаме помошта од државата, дома ми остана половина тон тутун

Обработувам 28 декари земја и годинава произведов 7 тони тутун, ми остана дома половина тон тутун

Берхан Абдулов е тутунар од радовишкото село Тополница, годинава половина тон тутун му остана неоткупен од вкупно произведените 7 тони тутун. Како и сите тутунари во државата и Берхан ја чека помошта од петтиот пакет мерки и субвенциите за тутунот за да може да ја започне новата реколта и да може да обезбеди егзистенција за својата фамилија.

-Обработувам 28 декари земја и годинава произведов 7 тони тутун, ми остана дома половина тон тутун. Сега сум на мака како да го дочувам за вгодина. Ова беше исклучително тешка година за сите нас па и за моето пет члено семејство кое опстојува од тутунот. Никој не го цени нашиот труд. Годинава од толкаво производство ниту еден пакет не ми се процени 1 класа, се се ценеше класа подолу на штета на тутунарите. За целиот продаден тутун успеав да земам просечна цена од 150 денари за килограм, што е неисплатливо. Тешка е нашата ситуација, вели Берхан за „Зелена берза“.

 

А.Б

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close