fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Без аргати ќе падне производството на тутун во Македонија за неколку милиони килограми, и како такви нема да бидеме интересни за извоз

Васко Јосифовски-За сончоглед не требаат работници, сега требаат за тутун берење

Тутунарите во Македонија многу тешко наоѓаат работна рака за берба на тутунот и велат дека ако вака продолжи, идните години ќе се произведува значително помалку тутун.

Колку аргати се потребни вкупно во Македонија за оваа работа нема точна бројка, затоа што од ден на ден варира обемот на работа. Оние кои можат, бербата ја завршуваат со најблиските, а другите бараат сезонци. Цената за работен час се движи од 170 до 200 денари. Младите не се нафаќаат на ваква работа, бидејќи е тешка, но и затоа што не ја познаваат доволно.

На ваквата состојба реагираат тутунари бидејќи сметаат дека ако вака продолжи, ќе падне производството во Македонија за неколку милиони килограми тутун, и како такви нема да бидеме интересни за извоз.

„ОВАА ГОДИНА ПОВРШИНИТЕ СО ТУТУН СЕ ДРАСТИЧНО НАМАЛЕНИ. СЛЕДНАТА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОИЗРАЗЕНО НАМАЛУВАЊЕТО.
ДАЛИ ТОГАШ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО ЗА РАБОТНИЦИТЕ?
ЗА СОНЧОГЛЕД НЕ ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ…, пишува Васко Јосифовски од „Тутунска надеж“.
Тутунари велат дека овој проблем го имаат откако почна визната либерализација. Луѓето почнаа да заминуваат во странство, и нема кој да работи. За берба тешко се наоѓаат аргати, и тоа се луѓе од 60 – 70 години, така што нема некоја ефикасност.
„Ова е макотрпна работа, треба да се бере брзо, треба добро да се знае работата. Ако вака продолжи, ќе падне производството во Македонија под 15 милиони килограми тутун, и како такви нема да бидеме интересни за извоз,  велат битолските тутунари.
А.Б
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close