fbpx
ВестиТоп вести

Бесплатното микрочипирање на миленичињата ќе продолжи до декември

Наместо до 31 март бесплатното микрочипирање на домашните миленици ќе продолжи до 31 декември оваа година. Ова денес го соопшти директорот на Агенцијата за хрна и ветеринарство Зоран Атанасов. Набавени се  100 илјади микрочипови, а досега се евидентирани 49 илјади миленичиња.

– Од 1 април аплицирањето на микрочипот ќе се наплатува по 200 денари  од кога почнува да тече новиот рок за реализација на оваа акција, од страна на ветеринарните друштва ќе се наплатува апликацијата на микрочипот кој е бесплатен, услуга за која сопствениците на миленици ќе треба да платат 200 денари, а издавањето на пасочот за миленикот по 120 денари, додека самиот микрочип кој го обезбеди Агенцијата ќе биде бесплатен. Од 1 април, инспекциксите служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван миленик. Казните за физичките лица се движат од 100 до 150 евра, а за правните лица илјада евра во денарска противвредност – посочи Атанасов на прес – конференцијата во Владата.

Акцијата е во рамки на кампањата за справување со проблемот со бездомните кучиња.

 

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close