fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Без домашно земјоделско производство нема евтина храна

Да се зголеми домашното производство, вклучувајќи го земјоделското производство

Според економските експерти за да се реши проблемот со цените не треба постојано да бараме од Владата да интервенира, туку треба да се најде некое подолгорочно решение. Според нив, треба да го зголемиме домашното земјоделско производство и да се намалат даноците на основните прехранбени производи. И земјоделците се согласуваат дека ние практично веќе немаме домашно производство поради тоа цените на земјоделските производи се толку високи.

-Од есенцијално значење е да се зголеми домашното производство, вклучувајќи го земјоделското производство и индустриското производство на храна. Но, веднаш тука ќе кажам дека старите агро-економски политики доведоа да увезуваме 80 отсто од земјоделските производи, храната и суровините во прехранбената индустрија, а само 20 отсто произведуваме. Сигурно не може да очекуваме нешто ново. Неопходна е силна поддршка на земјоделството и на производството, треба да се создаде состојба во која трговијата ќе биде скапа, а производството евтино. За таа цел потребна е конкретна поддршка на преку евтини кредитни линии, грантови за производствени инвестиции, интервентен фонд за земјоделство, како и субвенциите да одат кај реалните производители, а не кај фиктивните изнајмувачи на земјоделско земјиште. Со други зборови потребен е сет таргетирани мерки во земјоделството и индустриското производство, изјави за весникот ВЕЧЕР, Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори.

Горан Малишиќ, претседател на Здружение за мелничко-пекарска индустрија, исто така смета дека за да имаме конкурентни цени неопходно е зголемување на земјоделското производство.

-Овие мерки се непазарни и ефектот е мал. Потребно е да се зголеми домашното производство не само во нашиот сектор, туку во целата индустрија. Треба да се зголеми и земјоделското производство и да се намали увозот. Увозните цени се секогаш повисоки. За таа цел потребно е да се направи подолгорочен план на 5 – 10-годишен план за зголемување на домашното земјоделско производство. Со тоа и ефектот би бил поконкурентни цени и за домашниот пазар и за извоз, изјави Малишиќ за ВЕЧЕР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close