fbpx
ВестиТоп вести

Бидете дел од „ АГРО-БИЗНИС МУАБЕТИ“ на Зелена берза

Драги земјоделци , бидете и вие дел од „Агро – бизнис муабетите“ што ги организира ЗЕЗ Зелена берза Битола.  Стручни лица ќе говорат за актуелни теми во земјоделството, а и ќе одговараат на прашања на заинтересирани лица.

ИПАРД програма, болести кај папците и влијанието врз млечноста кај кравите, како да се регистирирате во  системот Е – персонален данок, зошто е потребна анализа и кое ѓубре и заштита да се употребат,  се само дел од темите за дискусија.

На едно место ќе имате можност да муабетите, да се дружите, да разменувате и споделувате искуства.

Дојдете и запознајте ги локалните производители, чувари на традицијата, хранители на општеството, но и разјаснете ги Вашите дилеми преку прашања со нашиот стручен тим и размена на искуства со нашите членови.

Во една релаксирана предновогодишна атмосфера ќе имате можност  да вкусите дел од производите и секако да наздравите за сегашни и идни успеси.

Дискусии, прашања, муабети и дружба на 20 декември во Премиер (Лавчански пат) со почеток од 10 часот.

Ве очекува Зелена берза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close