fbpx
ВестиСовети

Бидете внимателни: Во периодот под снег, дивечот може да ги загрози младите овоштарници

Снежната покривка им одговара на презимувачките насади и им служи како топлотна изолација. Од друга страна, пак, поради недостаток на друга храна во ваквите временски услови, дивечот може да ги уништи младите засадени овошки.

Ладното и облачно време со снег и температури на воздухот под просечните условува апсолутно мирување на сите презимувачки земјоделски култури.

Заладувањето проследено со снег е значајно за презимувачките зимски насади. Пченицата и јачменот кои се посеани во оптимални и толерантни рокови, го поминале бокорењето и добро се подготвени за ладниот период.

Што се однесува на пченицата, секој бокор има развиено 3 листа, што значи дека оваа култура е добро подготвена за ладните денови.

Кога температурата на земјиштето на длабочина од бокорниот јазол, на повеќе места изнесува околу нула, тогаш не постои опасност од смрзнување.

Покачувањето на температурите на воздухот пак, доведува до растопување на снегот. Со топењето на снежната покривка, се подобрува зимската резерва на влага во длабоките слоеви на земјиштето.

Поради ваквите агрометереолошки услови, секоја година во зимскиот период, посебно кога се во прашање силни зими со снег, дивечот може да ги оштети младите овоштарници. Во недостиг на друга храна, младите овошки во овоштарникот, но и овошните садници и шумските дрвја во расадниците, изложени се на големи штети од страна на зајаците, срните и останатиот дивеч.

Зајаците можат да ги загрозат првенствено младите овошки, затоа што уште во раната есен, после паѓањето на лисјата, почнуваат да ја глодаат кората на младите овошни и други дрвја. Ваквата појава, посебно е изразена, откако ќе падне снег, а другата храна ќе ја снема.

Високиот дивеч, срните и елените ги гризат младите гранки и се хранат со нив.

Експертите советуваат редовна обиколка на младите овоштарници и расадници.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close