fbpx
Вести

Земјоделците од денес можат да ги пријавуваат штетите од градот

grad

Од денеска до 30 јуни во седумте подрачни единици на Министерството за земјоделство, земјоделците ќе можат да ги пријават штетите што ги предизвика градот пред една недела. Земјоделците, од Министерството бараат што побрзо да ги испрати инспекторите на терен за утврдување на штетите. До пладне, во подрачната единица во Гази Баба која опфаќа четири скопски општини има пријави од 20 земјоделци.

„Имам многу штета. Уништени се над 300 тони бостан, над 150 тони диња, над 100 тони кајсии и жито. Немаше многу процедура со документите, во ред е, но некои немаат имотни листови. Треба некоја комисија да излезе на лице место да ги посети нивите“. – вели еден од земјоделците

Насер Кадриа од Орланци, општина Арачиново, вели дека има претрпено голема штета. Неговото девет члено семејство нема други приходи освен од земјоделство. Тие апелираат до Министерството за земјоделство што поскоро да им помогнат.

„Тука имам околу четири илјади метри и сто процентно е уништено. Уништен е и најлонот. Штетата е видлива, уништено е се, ништо не остана. Од ова јас обезбедувам егзистенција за семејството. Вчера бев во подрачната единица во Гази Баба и ми рекоа дека се уште не е формирана комисија. Ми земаа име и презиме и телефонски број и ми рекоа дека ќе ми се јават“. – изјави Насер Кадриа, земјоделец од Орланци

Од Министерството за земјоделство велат дека оштетата ќе се исплати по завршување на рокот за пријавување на штетите кои ќе бидат разгледани од посебни комисии на министерството. Од силниот град кој падна минатата недела, најоштетени беа селата од општините Арачиново и Гази Баба.


 

алсат.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close