fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Биолошката улога на микро-елементот цинк (Zn) за јаболковите и крушовите насади

Одсуството на Цинк во јаболковите растенија и крушите, се лесен плен од напади на габата Фузикладиум или наречена болест Чадлива краставост.

ЦИНК (Zn): Растенијата обично содржат цинк во количина од 0,00001 % или 0,1 ppm Zn или 100 микрограми цинк на 1 килограми од растителна сурова маса, но, кај поедини видови на тревки количината се зголемува повеќе.

Утврдено е мали количини на цинк се неопходни за нормален развој и родност за многу овошни растенија. Цинкот е важен за производство на хлорофил (зелената боја на листот), за стварање на јагленохидрати и формирање на протени.
*Поради недостаток од цинк во почвата, или можеби го има но е цврсто врзан цинкот за почвениот слој, така што коренот неможе да го прими,и да се пренесе во растението. Поради овој недостаток на цинк во овие овошни растенија, јаболковите и крушовите растенија, многу се подложни  од напад на габата фузикладиум или наречената болест чадлива краставост, така што овоштарите од 20 прскања во годината, 15 прскања извршуваат само за против сузбивање на чадливата краставост на јаболката и крушите.

*Природното мулти-минерално ѓубриво “Floral Microsil” содржи 78 ppm цинк (Zn) или 78 илјади микро-грами во 1 кг. цврсти Floral Microsil.

*Цинкот во растенијата е многу важен микро-елемент да се спрече развојот на фузикладиум или чадлива краставост кај јаболковите растенија и крушите.Од ова цврсто мулти-минерално ѓубриво е препорачливо на секој две години да се внесуваат во зоната на коренот во зависност од староста на јаболковите растенија 300 до 500 грами во кореновата зона. Имено, околу стеблото се прави круг со пречник од 60 сантиметри во облик на чинија со длабина од 15 до 30 см. се посипуваат 300 до 500 грами прашкасто-гранулиран Floralal Microsil, потоа се препокрива со 3 до 4 см почва и се полева со 10 до 20 литри 0,05% раствор од ФЛОРАЛ МИКРОСИЛ-ЕКСТРАКТ. Со ова внесување на Floral Microsil, покрај цинк, внесувате уште 59 други елементи. И не само тоа, моно-силициумовата киселина ги активира сите не активни еклементи во зоната на коренот, кои лесно може да ги зема растителниот корен и се пренесат во растението.

Најпогодно време и најефикасно е, оваа опрација на прихрана да се изведе кон крајот на есента кога дождовите се почести, и со топење на снегот од зимата, прашкастиот Floral Microsil, така растворен побрзо ќе стигне во зоната на коренот и рано напролет ќе почне цинкот (Zn) и сите други 59 елементи преку коренот да се пренесуваат во стеблото.
*Исто така е препорачливо јаболковите и крушовите растенија редовно да се прскаатсо 0,05% раствор од ФЛОРАЛ МУИКРОСИЛ-ЕКСТРАКТ со обилно оросување. Во следниве фази прскањето се изведува на куси временски интервали, итоа: 1).Пред или за време отворање на пупките, потоа 2).За време цветањето. 3).Со појавата на првите нежни ливченца и оформениот плод од кој се откинале цветните ливченца. потоа 4). Со големина на плодовите на лешник. 5). 15 денови после четвртото прскање. 6) 15 денови после петто прскање 7). пред започнување со зреење на плодовите.

*Исто така,20% раствор Флорал Микросил-Екстракт кој се раствора во вода, може да се користи за фолијарно прскање во било која фаза на развој на сите видови овошни растенија, само што првите две прскања треба да се изведат на растојание од 7 дена, а потоа на секој 15 до 20 денови.

 

Проф. Љубе Лозановски

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close