вести

Биомасата е најдобар извор на екоенергија

Од отпадот од растенијата, од добитокот и остатоците од дрвната индустрија, може да се произведе 60 проценти од потребната енергија

12-140208090458-phpapp01-thumbnail-4

Стопанската комора на Србија најави наесен на својата веб-страница дека ќе ја отвори првата електронска берза за тргување со биомаса. Од таму посочуваат дека од отпадот од растенијата, од добитокот и остатоците од дрвната индустрија може да се произведе 60 проценти од енергијата што и’ е потребна на земјата.

Земјоделството може да биде извор на обновливи извори на енергија, но исто така и голем загадувач. Со користењето пестициди и вештачки ѓубрива, земјоделците влијаат врз емисиите на јаглероден диоксид и врз ефектот на стаклена градина.

Со цел да ги намали загадувањето и трошоците за производство, производителот Драган Радоев инвестирал во извор на обновлива енергија.

biomasa3

„Решив да користам соларни панели од едноставна причина што трошам многу енергија за наводнување. Сфатив дека е поевтино да се инвестира повеќе пари сега, за во иднина да имам електрична енергија практично без пари. Според моите пресметки, оваа инвестиција ќе ми се врати во текот на период од три до пет години, до тоа што нема да плаќам сметки за електрична енергија“, вели Радоев.

И покрај тоа што има развиено свест за животната средина, на инвестицијата се одлучил само поради тоа што 80 проценти е финансиски поддржана од страна на државата. Експертите велат дека би било добро тие бенефиции да се повремени и дека државата треба да ги охрабри и потрошувачите, а не само производителите на електрична енергија од обновливи извори.

 

„Проблемот е во тоа што Србија го субвенционира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Најголем потенцијал, пак, кога станува збор за биомасата е добивањето топлинска енергија, а за ова немаме државни субвенции“, вели Вера Ражнатовиќ од Стопанската комора на Србија.

Во Србија, само неколку големи земјоделски компании имаат затворен систем во кој остатоците од производството се претвораат во енергија.

Во Министерството за земјоделство велат дека се свесни за потенцијалот на земјоделските стопанства кои можат да бидат мали биоцентрали кои како гориво користат ѓубриво или остатоци од жетвите. Пари за инвестиции ќе им бидат достапни кога ќе се отворат Европските фондови за рурален развој. Дотогаш производителите можат да инвестираат само во соларни панели.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close