Битиќи и Хоџа во посета на ЈП „Хидросистем Злетовица”
Ќе направат увид на „Зафат 3″ – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, информираат од Владата.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска ќе го посетат јавното претпријатие за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица” и ќе направат увид на „Зафат 3″ – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, информираат од Владата.
Вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа најпрво ќе одржат заеднички состанок со градоначалниците на Пробиштип, Драган Анастасов и на Свети Николе, Сашо Велковски, како и со директорот на ЈП за извршување на водостопански услуги „ХС Злетовица”, Миле Илиевски, во просториите на јавното претпријатие. По состанокот, ќе се упатат кон локацијата на „Зафат 3″, каде ќе извршат увид на зафатната градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.