ВестиМакедонија

Битолчанец пронајде глушец во замрзнат зеленчук

Агенцијата апелира, доколку потрошувачите купиле од овој зеленчук, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат, и ако производот не е во ред, да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство го повлекува од КАМ маркетите српскиот производ „Сани фантази-царски микс“, откако битолчанец во овој замрзнат зеленчук пронајде глушец, за што на социјалните мрежи објави и фотографии.  Производот се повлекува од рафтовите на КАМ низ цела држава, а АХВ издаде наредба КАМ да изврши проверка на секоја серија од производoт во сите маркети каде е пласиран. Агенцијата апелира, доколку потрошувачите купиле од овој зеленчук, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат, и ако производот не е во ред, да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.

АХВ ЌЕ ИЗВРШИ ВОНРЕДНИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ И ЌЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ ПЛАСИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕЧЕНИ ОД МАЛОПРОДАЖНАТА МРЕЖАИЗВРШЕНИ ЌЕ БИДАТ И ОРГАНОЛЕПТИЧКИ ПРЕГЛЕДИ НА ОДРЕДЕНИ ПРИМЕРОЦИОД СЕКОЈА СЕРИЈА/ЛОТ НА ОВОЈ ПРОИЗВОДПРИМЕРОЦИ ЗА КОНТРОЛА НА МИКРОБИОЛОШКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДОТ ЌЕ БИДАТ ИСПРАТЕНИ ЗА ЛАБОРАТОРИСКО ИСПИТУВАЊЕВЕЛИ  ДИРЕКТОРОТ НА АХВНИКОЛЧЕ БАБОВСКИ. 

Бабовски во телефонски разговор за Телма потврди дека за случајот не била поднесена претставка до Агенцијата, но постапиле по објавата на социлајните мрежи и апелира ваквите случаи да се пријавуваат кај наделжните, односно  секоја недоследност во поглед на безбедноста на храна да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство лично, писмено, на телефон или електронски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close