fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утрото свежо, а потоа сончево и топло до 28 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close