fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

„Битолско брашно“ бренд со квалитет и традиција

Мелничката индустрија и производството на брашно на овие простори водат корени далеку во минатото. Жито Битола е местото каде што постоел млин уште за време на Османлискиот период. Исмаил Бег бил човекот кој во тоа време  ја изградил првата мелница на овие простори . Денес на ова место продолжува традицијата и уште се произведува брашно. Производ под брендот „Битолско брашно“ за чиј квалитет може да потврдат бројните корисници ширум државата. Тоа е резултат на квалитетната суровина која се преработува  низ процес што претставува одличен  спој на традицијата, искуството и современата технологија.

Дневниот капаците на млинот во  оваа компанија е  преработка на 100т пченица. За период од 24 часа се добиваат 72т брашно, велат од менаџерскиот тим на компанијата. Процесот на производство е организиран по современа технологија и модерни машини по сите стандарди кои ги налага законската регулатива. Сето тоа е контролирано и проверено во лабораторијата која функционира во сотав на млинот. Стручен тим таму на самиот влез ја испитува исправноста на суровината (пченицата) што влегува и од која треба да се произведе брашно, нејзиниот квалитет и сите оние параметри што се потребни за да се добие здрав и квалитетен производ. Откако суровината ќе влезе во системот за мелење, по добивањето на брашното, тоа  повторно се испитува во лабороторијата и откако ќе добие дозвола оди на паковање.

Брендот „Битолско брашно“ го има под ТИП 400, ТИП 500, ТИП 850, а во зависнот од побарувачката се произведува и наменско, интегрално брашно како и гриз, сточно брашно и пченични клици. Може да се најде во повеќе пакувања и тоа од 1кг,5кг и 25кг.

Млинскиот капацитет од 1500т брашно рефус, како и магацинскиот простор од 800т брашно во амбалажа, овозможува производот да одлежи (ферментира) за  да завршат сите оксидациони процеси во самиот производ  што го подобрува квалитетот на брашното. Понатаму се пушта во трговската мрежа, така што  сите производи од Жито Битола може да се најдат во продажните места ширум цела држава.

Од менаџерскиот тим посочуваат дека квалитетот најмногу се должи на квалитетната суровина, пченицата која доаѓа од ЗК Пелагонија како и бројни индивидуални земјоделци од Пелагонија.

Павлина Јовановска

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close