fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Битолско „Стрежево“ загуби 1 милион евра во судски спор со ЗК „Пелагонија“

Сумата ќе биде уште повисока кога ќе се вклучат каматите и судските трошоци, при што првичната сума ќе се зголеми за уште неколку стотици илјади евра. Ова е една од ретките пресуди каде јавно претпријатие треба да исплати толкава сума на пари кон приватна фирма, пишува „Независен.мк„.

БИТОЛА – Државното претпријатие Хидросистем „Стрежево“ Битола загуби судски спор од Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола во висина од 1 милион евра. Сумата ќе биде уште повисока кога ќе се вклучат каматите и судските трошоци, при што првичната сума ќе се зголеми за уште неколку стотици илјади евра. Ова е една од ретките пресуди каде јавно претпријатие треба да исплати толкава сума на пари кон приватна фирма, пишува „Независен.мк„.https://nezavisen.mk/bitolsko-strezhevo-izgubi-1-milion-evra-vo-sudski-spor-so-zk-pelagonija/

Проблемот потекнува од 2015 година, кога во февруари се појави големо свлечиште кај селото Драгарино и сериозно го оштети главниот канал за довод на вода и цевководот на ХС „Стрежево“ од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК „Битола“ и индустриската зона како и плодните пелагониски ниви. Во летото истата година свлечиштето направи проблем на водоснабдувањето поради што и Битола имаше рестрикции за вода, а не, пак, нивите во Пелагонија. Свлечиштето беше санирано во летото 2018 година.

Станува збор за дел на системот кој е од стратешко значење, за што беше потребно ангажирање на сите стручни служби од претпријатието и експерти од Градежниот факултет во Скопје за негова санација. Овој голем и горлив проблем тогаш доби и политичка конотација, па политичари од власта и опозицијата се редеа пред каналот – едни да ветуваат брза санација, други да обвинуваат за невидена негрижа.

Сега стаса сметката која треба да ја плати државното претпријатие „Стрежево“.

По неколку години судење, во пресудата од битолскиот Апелациски суд донесена на 11 јануари годинава, стои дека државното претпријатие „Стрежево“ треба да му надомести штета на ЗК „Пелагонија“ во висина од 60.831.254 милиони денари и плус законска казнена камата, како и  трошоци од над 800 илјади денари. Ова одлука значи почеток на исплата на штетата на конто на ЗК „Пелагонија“.

Во јуни 2015, бил склучен договор меѓу „Стрежево“ и ЗК „Пелагонија“ за снабдување со вода за наводнување на земјоделските површини, и тоа пченка на 3.125 ха, потоа имало луцерка, сено на површина од 469 ха, сирак силажа 100 ха и вишни на 34,50 ха. Но, поради поплавите настанале низа изместувања на состојбите. Во одлуката стои дека за вишните нема да има обештетување оти бербата завршила претходно.

„Во средината на јуни 2015 имало прекини на вода од два до три дена на одредени цевководи, а од 5 јули во одредени периоди во каналската мрежа тужениот испорачувал вода со намален притисок, додека пак во определени периоди во цевководите воопшто немало вода за наводнување поради што тужителот не бил во можност да ги наводнува културите на површините планирани за наводнување“, се наведува  во пресудата. Според неа, „Стрежево“ го известил ЗК „Пелагонија“ неколку недели подоцна дека заради дефект на главниот доводен канал нема да биде во можност да испорачува вода за наводнување сѐ до санирање на дефектот кој се случил заради свлечиште на главниот доводен канал. Така, штетата што ја претрпел Комбинатот била извлечена со споредба на приносите во 2015 со извештаите од последните 3 години и било потврдено дека таа изнесува над 1 милион евра. Вештите лица за проценка на штети утврдиле дека од 100 дена колку што во просек се наводнува пченката, дури 56 дена пченката останала жедна.

Повеќе на линкот https://nezavisen.mk/bitolsko-strezhevo-izgubi-1-milion-evra-vo-sudski-spor-so-zk-pelagonija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close