Бизнис идеја: Засадете ја оваа билка и заработете и по 3000 евра од хектар!

Пред неколку години ориганото се задоми на македонско тло.

Оваа билка чие производство и пласман во светот доживеа вистински бум почна да се сади и кај нас.

Ориганото се сади наесен. При садење доволно е едно полевање, за да се зафати ориганото, потоа нема дополнителни инвестиции. Веќе следната пролет ориганото потерува и следните седум години има само берба. Оваа билка е доста издржлива на ниски температури. Успева на ниви со послаб квалитет и на секоја надморска височна. Доволно е нивите да се богати со калциум за да се одржува влагата. Отпорна е на болести, не бара заштитни средства и ѓубрива, нема потреба од системи за наводнување. Тоа што ја прави привлечна за производство е што во текот на годината има само 20 дена годишно работа на нивата. Особено е атрактивна за руралните средини. Без проблем се вадат две берби, со по три тона од хекатр суво оригано. Ориганото е медитеранска билка, но македонските климатски услови совршено и одговараат.

Вкупната инвестиција за еден хектар со оригано, за 80.000 садници  изнесува 2.000 евра. Од нив 1.500 евра се садници, а 500 евра за садење и копање. Парите се враќаат уште првата година, а носи приход од 3.000 евра од хектар. Од втората па до седмата година годишните трошоци се најмногу  500 евра за копање, одржување, па чистата заработка е 2.500 од хектар.

Ориганото е лековито, ароматично и зачинско растение. Поради широкиот спектар на употреба, пазарот со оригано последниве години  доживеа експанзија.  Побарувачката е голема, затоа и има загарнитиран пласман за неограничени количини. Од друга страна голема поволност за земјоделците е што можат да го засадат на ниви кои до тогаш за друга култура и не можеле да ги искористат, особено ридско планинските делови.. Во себе крие потенцијал за подигање на големи плантажи. Ориганото особено се бара во сува форма како зачин во кулинарството. Но сепак најбарано е маслото од оригано. Ориганото има широка примена во медицината и козметиката. Оваа билка е добар седатив, антисептик, има антибактериски својства, дигестивни и многу други , корисни во медицината. Доминантен производител на оригано во светот е Труција


 

faktor

Share Button